ПРЕВИРАЊА НА ЈАДРАНОТ: Албанија влече потег да стане првоборец на НАТО против Русија, Кина и Турција на Балканот

Поврзано

ДАЛИ ГЕРМАНИЈА ЗНАЕЛА ЗА КОРОНАТА УШТЕ ВО 2012 ГОДИНА?

Ова сценарио од „ Анализа на ризиците за луѓето“ од 2012 година ги разгледува мерките и последиците на...

Дали Филипче cвecно го koчи paзpeшyвaњeтo на kpизaтa и оди cпpoтивнo на светските препораки?

Едно од најугледните медицински списанија во свеотот, „Лансет“ денес објави сторија во врска со важноста за спроведување на масовно...

СВЕТОТ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ИСТ: Траорно „писмо од иднината“ на италијанската писателка Франческа Меландри

Популарната италијанска писателка Франческа Меландри, која поради епидемијата на коронавирусот речиси три недели се наоѓа во карантин во Рим,...

Идејата да се инсталира воена база на НАТО во Албанија, режимот во Тирана се обидува да јава на антируската хистерија на Западот. Сега сите би сакале да бидат некакви првоборци во тоа спротивставување на наводната руска агресивна закана. Тоа и Албанија сега го сака, да се наметне како некој кој го чува Западот од измислената руска закана

Албанската министерка за одбрана Олта Џачка на својот американски колега Џејмс Матис му предложи НАТО да постави поморска воена база на брегот на земјата, со констатација дека присуството на САД или НАТО ќе претставува јасна демонстрација дека сојузниците не го заборавиле регионот.

„Загрижени сме поради повеќе закани со кои нашиот регион се соочува и мислиме дека тоа е значајно, НАТО и САД да придадат малку повеќе значење на она што се случува на Балканот“, вели Џачка. Меѓу заканите, таа ја навела Русија, која, како што вели, се обидува да го зголеми своето влијание, но и Кина, Иран, па дури и Турција, како причина за загриженост на раководството на Албанија.

Милован Дрецун, воен аналитичар и претседател на Собранискиот одбор за Косово и Метохија, потсетува дека и претходно имало разговори за изградба на база во Албанија, која би имала излез на Јадранот, каде би биле сместени американски подморници.

Меѓтуоа, ситуацијата во меѓувреме потполно е променета. НАТО се приближи на западната граница на Русија со доста силна инфраструктура, така да идејата за база во Албанија делува нереално. Албанија е членка на НАТО и не гледам зошто и е потребна база, но овој предлог покажува дека сеуште постојат големоалбанските претензии на режимот во Тирана.

„Било какво формирање на НАТО бази во Албанија би била поддршка и зајакнување на таа идеја за која режимот во Тирана не отстапува и за која како ударна тупаница се користат сепаратистите на Косово. Исто така, треба да се има во предвид дека и Албнаците на Косово и режимот во Тирана сега се обидуваат да јаваат на антируската хистерија на Западот, каде сите одеднаш гледаат и наоѓаат руски непријател на секој дел од земјината топка. Сега сите би сакале да бидат некакви првоборци во спротивставувањето на наводната агресивна руска закана. Тоа и Албанија сега се обдува да го направи, да се наметне како некој кој го чува Западот од измислената руска закана“, вели Дрецун.

Тој додава дека Албанија истовремено на најлош начин ја загрозува безбедноста на целиот регион, така што го подготвила, предизвикала и спровела воениот удар на Косово.

Џејмс Матис ја изразил својата поддршка за Албанија, која, како што рече, значајно допринела на НАТО алијансата. Меѓутоа, тој не го коментирал предлогот на албанската колешка. Одговор за тоа можеби треба да се бара во фактот дека американците имаат голема воена база на Косово, Бондстил, дека членките на НАТО безмалку сите кои излегуваат на Јадранското море имаат некаков вид на поморски бази, а бродовите на Алијанста се стационирани и во Албанија, како и во Бар во Црна Гора.

„Не треба да се заборави дека Кина има дел од пристаништето во Драч, но го користи, секако, за економски активности, дел од пристаништето го користат и САД и тука веќе се гледа постоење на едно геополитичко соочување, но мислам дека ова е зона под посебно влијание на НАТО и дека тука нема некоја посебна потреба да се инсталира база, освен ако се баш решени на секој начин да стопираат било која конкурентска светска сила да се позиционира, не само на воен план, туку и на економски, имајќи во предвид дека во Средоземјето последните години се одвиваат значајни заеднички активности на руската и кинеската морнарица, што покажува и спремност Русија да ги заштити своите интереси во Медитеранот“ – објаснува Дрецун.

Тој додава дека Кина со своето присуство покажува дека ќе го штити проектот „Еден појас, еден пат“, и дека Кина веќе ја ангажира воената морнарица во Африка, бидејќи сака да има еквивалентна заштита на тој појас во наредниот период.

Се приметува дека се споменува и страв од Турција кој не е случаен, со обзир на судирот помеѓу Турција и САД, бидејќи политиката на Албанија е потполно насочена на додворување на американските претставници. Албанија се обидува да се наметне како некој кој најдобро ќе ги штити интересите на Америка.

„Од друга страна, не треба да се заборави дека Турција развива добри односи со Руската Федерација. Гледаме дека НАТО и Америка доста се загрозени од турската нарачка за ПВО С-400 и еве, сега никој друг, туку Албанија искажува спремност дека таа е спремна нешто да направи, да предупредува, да се спротивставува на Турција“, вели Дрецун.

Актуелно

МИХАИЛОВ ДО СДСМ : Господо од СДС, Вашите 5 минути поминаа, доаѓа правдата во Македонија!

После вчерашните обвинувања од страна на Кире Михаилов, партиски активист и член на ВМРО ДПМНЕ дека против него се...

Преговори нема ни годинава, Германија се пишмани

Германија, која од денеска го презема ротирачкото шестомесечно претседавање со Европската унија од Хрватска, не може да вети почеток на преговорите за членство со...

(Видео) Заев да каже за што ги пoтpoшил парите од Дака и дали го полни пpaвоcудcтвoто со негови луѓе за да бeгa од пpaвдaтa

Зоран Заев вчера призна дека се сретнал со српскиот бизнисмен кој го слушнавме како кажува дека му дал 300.000 евра. Заев мора да собере...

(Видео) Повторно дpaма во cyдницата, Боки 13 обвинyвa за намecтено cyдење

Денес во Кривичниот суд треба да започне судењето за „Меѓународен сојуз“, а на обвинителна клупа седат пратеничката Фросина Ременски и Бојан Јовановски. Овој предмет ќе...

Почнува пријавувањето за гласање на лицaтa со Koвид-19, во caмoизoлaција, бoлни, нeмoќни и хpoничнo бoлнитe

Почнува пријавувањето до Општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за гласањето на предвремените парламентарни...

Повеќе вести