ПРЕГОВОРИТЕ ОДАТ ТЕШКО: Беса сè подалеку од владата, Заев со мнозинство од само 62 пратеници

Поврзано

ИЗБОРИ НА ЕСЕН: ДУИ се за избори кои би се одржале во редовен термин на есен

Избори или на 5-ти јули или редовен термин на есен, дециден е во ова Бујар Османи кој вечерва во...

ДАЛИ НЕКОЈ Е НАД ЗАКОНИТЕ : Рашковски и во Струмица повторно без маска на лицето!

Анонимни читатели денеска ни испратија неколку фотографии на кои се гледа дека генералниот секретар на владата Драги Рашковски е...

ЗА ВЛАСТ ГИ ЖPTВУВА И СВОИТЕ: Пола партија му е во кapaнтин, а Заев бара избори

Заев го спасувал Мијалков за случајот ,,Империја" на СЈО, за да гласаат пратениците за промена на името Факти на денот: 1.Заев...

Во албанските кругови веќе се коментира дека Беса останала единствена да ја брани платформата. Доколку не влезе во владата, тоа за партијата би било предност на локалните избори.

Zaev-Besa

Вчерашниот конгрес на СДСМ не ги разреши дилемите околу тоа кога ќе биде формирана владата и каков ќе биде нејзиниот состав.

Лидерот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев, во својот говор не одговори до каде се преговорите за формирање на владата и кои партии ќе ја сочинуваат. Засега, покрај СДСМ, сигурни се ДУИ и „Алијансата за Албанците“, додека Беса сè уште размислува.

Причина за нерешителноста е ставот на двете партии на Албанците околу тиранската платформа. Во своите последни настапи партиите на Ахмети и Села воопшто и не ја споменуваат платформата, туку говорат за општи теми поврзани со евроатлантската интеграција.

Тоа не беше случај до пред неколку месеци кога овие партии говореа дека точките од платформата се „услов без кој не се може“.

Во албанските кругови веќе се коментира дека Беса останала единствена да ја брани платформата. Доколку не влезе во владата, тоа за партијата би било предност на локалните избори, ако се знае дека најголем дел од барањата содржани во платформата нема да можат да се реализираат бидејќи е потребно двотретинско мнозинство.

Во тој случај, ДУИ и „Алијансата за Албанците“ не би имале со што да излезат пред гласачите на изборите за градоначалници на кои се очекува Беса да освои најголем број општини.

И доколку Беса не влезе во владата, таа без никаков проблем би можела да биде избрана бидејќи ќе има 62 пратеници. Но, прашање е колку таквата влада, со само еден пратеник повеќе од потребниот минимум, би имала легитимитет да носи закони и да се повикува на парламентарно мнозинство, кое би било навистина тенко.

Дали Беса дефинитивно ќе биде дел од владата, ќе се знае по денешната средба помеѓу лидерите Зоран Заев и Билал Касами. Доколку преговорите завршат успешно, можно е Заев утре до Собранието да го достави предлогот со министри и по неколку дена тој да биде ставен на собраниска седница.

Актуелно

67 НОВИ ЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Еден починат, хоспитализирани 6 нови пациенти

Бројката на заразени од опасниот коронавирус и натаму расте, регистрирани 67 нови случаи на коронавирусот во Македонија. Еден е...

(Видео) ПОЧНА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО АМЕРИКА?!: „Падна Рим“, им се удри ли нивниот камен од глава?!

Многумина гледам по социјалните мрежи ликуваат на она што се случува во Америка, велат нека видат како ни беше нам со наместени граѓански војни,...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА: Вилма не ме мрази туку ми љубомори, ама ако нека пукне

Дека е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Може некој друг може да...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Кичеец бил испраќан да снима политичари и бизнисмени како агент провокатор

Од досега изведените докази на обвинителството можеме да заклучиме дека сведокот Јордан Камчев во неколку наврати сведочеше за сознанија кои ги добил од трети...

НАЈKPИТИЧНО ВО ЧАИР: Состојба по населби во Скопје

Од вкупно 89 новозaболeни од Ковид-19 на целата територија на Македонија, 35 се од подрачјето на град Скопје. Распоредено по населби статистиката е следна: Чаир –...

Повеќе вести