ПРЕДАВСТВОТО СЕ КРИЕ ВО АРХИВАТА НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ: На записниците од лидерските средби може да се види предавството, Талат ги крие!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во гостувањето во „Отвореното Студио“ на Алфа телевизија во врска со кривичната пријава што ја поднесе СДСМ за одавање на држава тајна вели дека тоа е така зашто се интересира што министерот Никола Димитров и премиерот Зоран Заев зборувале или се договарале кај претседателот Ѓорге Иванов.

-Тие забранети документи кај Џафари е тоа што ги плаши Заев и Димитров. Јас ќе се борам тие документи да стигнат до пратениците зошто тие заслужуваат да ги имаат. Зошто се кријат овие документи не знам но ваквото однсеување на Талат Џафери придонесува да се разградува парламентарниот систем. Ова доведува до една широка последица до граѓаните. Ако Талат Џафери ги прекршува правилата тогаш зошто граѓаните да ги почитуваат истите тие правила, рече Милошоски.

Посочи дека порано или подоцна овие документи ќе стигнат до јавноста и оти ваквото криење на докуметите е само сомнеж дека тие кријат кривично дело од страна на Заев и Димитров

-Забраната овие материјали да стигнат до пратениците дава соменение дека Заев, Димитров и Џафери имаат нешто што да скријат. Не можеме да знаеме дали тие документи кријат некое кривично дело. Но среќа е што тие документи постојат и се водело белешка за тие разговори. Порано или подоцна ќе се обзнани што овие документи кријат. Зошто ги кријат овие документи ако немаат што да кријат? Јас се сомнеавам дека не е така. Некој едно говорел а друго потпишал. Овие документи се кријат како Библија во Саудиска Арабија, истакна Милошоски.

Вели дека хипокризијата на СДСМ е уште поголема. Тој додава дека оние кои го промовирале објавувањето на нелегално стекнати документи велат оти е придонес за демократијата и отворање на табу теми, денес тоа се истите тие кои се обидуваат да им стават забрана на пратениците за документи кои се легално напишани и се стекнати на процедурален начин. Милошоски додаде дека Димитров треба како министер да излезе и да каже оти се што говореле било во прилог на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This