ПРЕДВИДУВАЊА НА СТРАТФОР: „ЦИА во сенка“ предвидува дека 2017 ќе биде „година на Руската мечка“

  • December 28, 2016

Во 2017-та, Русија ја има шансата да го промени Евроазискиот баланс на моќта во своја корист. Ова според анализата на американската разузнавачка група Стратфор, компанија често претставувана како „Сенка на ЦИА“. Најновата анализа на тинк-тенкот е сосема спротивна на предвидувањата од минатата година, кога тврдеа дека Русија е на работ на пропаст. Стратфор е истата агенција која предвидуваше и распад на Македонија, го направи планот и новата карта на Балканот, но и беше поврзувана како линк на „чадорот“ во Македонија

rusija_kremlj

Последниот извештај на Стратфор објаснува дека новиот претседател во Белата Куќа, комбинирано со кризаа во ЕУ, ќе помогне да се опушти притисокот на Западот врз Кремљ. Ова, ќе резултира со земјите од бившиот СССР „да го преиспитаат нивното партнерство“ со Москва и Западните сили. Како и да е, извештајот исто така истакнува дека Руската конфронтација со Западот ќе продолжи да се развива во новата година. Изминатите три години не беа лесни за Москва, вели Стратфор, со Украина, Молдавија и Грузија кои беа втурнати во сферата на влијание на Западот на НАТО и ЕУ, додека воените капацитети на западните сили се распоредуваа на границите со Русија. Не само тоа, беа поставени и првите елементи на ракетниот штит, санкции поради Украина, намалување на цените на енергенсите, сите фактори кои помогнаа да се предвиди рецесијата во Русија. Сепак, вмешувањето на Москва во Сирија обезбеди преговарачката позиција.

Секако, оценките дека Русија преживеа низа на препреки во изминатите три години е точна. Во овој период, Русија не само што успеа да ја држи под контрола рецесијата, туку ја промовираше економијата, воената и политичката моќ ја издигна на ниво на Западните сили, но исто така потврди дека повторно се здоби со статусот на глобална политичка и воена сила. Во Крим во 2014, Москва ја спаси популацијаа од сигурен хаос и насилство кој беше проследен по пучот во Киев. Во меѓувреме во Сирија, Руската војска демонстрираше завидно ниво на софистицираност и нова технологија, додека дипломатите ја демонстрираа намерата на Москва за концепт на национален суверинетет и борба против меѓународниот тероризам.

Во секој случај, Стратфор нотиа дека „2017 година ќе биде влез во нова фаза на конфликтот меѓу Русија и Западот, особено во растечките тензии кои беа експлоатирани…пукнатините во обединетиот Западен фронт против Русиа“, со гласањето за Брегзит се открија длабоките поделености во ЕУ, а новоизбраниот преседател на САД Доналд Трамп има план за радикална промена на политиката на САД кон Русија. Во 2017 Франција, Холандија, Германија и најверојатно Италија ќе имаат избори, на кои Евроскептиците имаат стабилен раст на рејтинзите. Според Стратфор, нивната победа ќе доведе до дополнително разделување на „анти-Рускиот фронт“. Некои од овие кандидати, вклучително и Мари Ле Пен во Франција, отворено каќуваат дека сакаат да ги укинат „инфективните“ и „непродуктивни“ санкции против Москва и да продолжат со соработката.

Во исто време, воениот успех во Сирија во кампањата против џихадистите, која беше најспектакуларна во Алепо, „може да ја подобри позицијата на Кремљ за преговори со администрацијата на Трамп по низа на прашања“.

На крајот, анализата на Стратфор завршува со гаранција дека „враќањето на Русија на голема врата е речиси гарантирано“. Заклучокот продолжува со предвидувањето дека САД и НАТО најверојатно нема во целост да се повлечат од Европските гранци, што би значело дека „Русија нема да има слободна власт врз Евроазија“.

Претходно «
Следно »