ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ВО ГРЦИЈА: Познат е и датумот кога ќе се одржат изборите

  • May 28, 2019

Предвремените парламентарни избори во Грција ќе се одржат на 7 јули наместо на 30 јуни, како што претходно објавија локалните медиуми, пренесува „Катимерини“.

Како што се наведува во текстот, терминот бил поместен поради приемните испити на националните Универзитети коишто ќе се одржат во периодот од 2 до 6 јули. Се очекува официјално датумот да биде објавен по завршувањето на вториот круг од локалните избори во Грција, кој ќе се одржи в недела.

Одлуката за предвремени избори ја соопшти премиерот Алексис Ципрас, откако неговата партија освои помал број европратеници од опозициската Нова Демократија.

Претходно «
Следно »