ПРЕДИЗБОРНА КОРУПЦИЈА СО ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ: Владата на Заев ги задолжува граѓаните, оставајќи сомнеж дека ќе ги прави изборен криминал!

  • August 29, 2017

Граѓаните ја почувствуваа на својот грб некадарната економска политика на СДС, стои во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на прес конференцијата на Христијан Делев.

 

Владата на СДС за 3 месеци успеа од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии да стопи 334 милиони евра.

Министерството за финансии има законска обврска од денот на распишување на изборите до нивно завршување на интернет страницата на министерството да ги објавува сите буџетски трошења.

Министерството за финансии веќе 5 дена нема објавено извештај за дневни трошења од буџетот и со тоа директно го крши член 8-а, ст.3 од Изборниот Законик.

Владата на Заев со овој потег грубо го крши Изборниот Законик, и остава сомнеж дека со парите на граѓаните прави предизборна корупција.

Власта на Заев нема да трае вечно. Со неговото заминување, ќе се врати и правната држава, стои во ракцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно «
Следно »