ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА НА ОБВИНЕТИТЕ ОД 27 АПРИЛ ДЕНЕС ВО СОБРАНИЕ: ВМРО-ДПМНЕ денес ќе го предложи предлогот во Собрание

  • October 29, 2018

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека денеска ќе го достават до Собранието предлог-законот за амнестија на сите инволвирани во случувањата во македонскиот законодавен дом од 27 април минатата година.

Потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски викендов изјави дека предлог-законот за амнестија е веќе изготвен и денеска треба да биде поднесен до Собранието. Текстот ќе го достават пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ и сите останати, како што истакна Арсовски, ќе имаат можност да го прифатат.

-Ако намерите на СДСМ се искрени, сега е моментот да го изгласаат и да го тргнат товарот од сите луѓе што беа во случувањата на 27 април, нагласи портпаролот.

Претходно «
Следно »