ПРЕДЛОГ НА CCM: Полно работно време од 38 часа неделно, сабота и недела денови за одмор

  • January 28, 2020
  • Коментари

Сојузот на синдикатите на Македонија во рамките на активностите за изготвување на новиот Закон за работните односи достави свој предлог на Законот за работните односи до Министерството за труд и социјална политика во текот на февруари 2019 година.

 

 

 

Покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство, а во насока на заштита на работничките права и обезбедување на баланс помеѓу работата и семејството, ССМ предложи ден на неделен одмор да биде сабота и недела.

Традиционално во нашата држава и во државите на нашето опкружување се прифаќа дека саботата и неделата се денови на неделен одмор заради почитување на семејните традиции и заштита на правата што е во согласност со Конвенцијата на МОТ бр.106 за неделен одмор.

Поаѓајќи од се почестите дискусии за потребата недела да биде неработен ден за сите работници , кои се се поприсутни на меѓународно ниво , а посебно во земјите од нашиот регион , како и позитивниот пример на Црна Гора во оваа насока , Сојузот на синдикатите на Македонија е на став дека како ден на неделен одмор треба да се третираат саботата и неделата , наместо како што до сега тоа е регулирано – „Ден на неделен одмор по правило е недела или друг ден во неделата“.
Анализите и примерите покажуваат дека работникот ќе биде попродуктивен ќе има повеќе време за семејството,за одмор и професионално надградување и дообразување
Дополнително во оваа насока, ССМ предложи, полното работно време да не може да биде подолго од 38 часа неделно , наместо сегашните 40.
Посочените барања и заложби на Сојузот на синдикатите на Македонија се прогресивни, развојни и мотивирачки кои значително ќе влијаат на зголемување на продуктивноста на трудот , но и на заштитата на работничките права и потреби. ССМ смета дека со унапредување на работничките права и со создавање на правна рамка за почитување на демократските вредности ќе се создададат основи и претпоставки кои ќе ја задржат младата популација во државата , наспроти трендот на отселување карактеристичен за последниот период

Претходно «
Следно »