ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ: Сообраќајот по влажни коловози, забрана за камиони на патот Маврово-Дебар

  • January 7, 2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово- Дебар.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од ЈП Македонијапат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Претходно «
Следно »