ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МОЖНО ЛАНСИРАЊЕ НА РАКЕТИ: Европската агенција предупреди на можно лансирање на ракети и електронски пречки во радио-навигациските уреди во наредните 72 часа!

  • April 10, 2018
  • Коментари

Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај (ЕАСА) издаде предупредување за подрачјето на источниот Медитеран/Никозија поради можни воздушни напади на Сирија во наредните 72 часа

Агенцијата наведе дека предупредувањето е издадено „поради можно лансирање на воздушни напади со ракети воздух-земја или крстосувачки ракети во наредните 72 часа и можност за повремен прекин на радио-навигациските уреди. Треба да се обрати внимание на планирањето на летови во источниот дел на Средоземието“.

Според европските медиумски извештаи, првата информација ја издаде Оперативниот центар за управување на мрежите (НМОЦ).

Претходно денес портпаролката на Стејт Департментот Хедер Наверт изјави дека Соединетите Американски Држави бараат координиран одговор заедно со своите советници и партнери за наводен хемиски напад во сирискиот град Дума.

„Бараме координиран одговор, каков и да биде, на ситуацијата во Сирија“, рекла Наверт.

Претходно «
Следно »