ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ДОЈЧЕ БАНК: Германија е пред рецесија

  • February 5, 2019
  • Коментари

Германската економија е во опасност да влезе во рецесија кога Сојузниот завод за статистика на земјата ќе ги објави економските податоци за последниот квартал од 2018 година следната недела, наведува Дојче банк.


-Развојот на неколку клучни циклични индикатори ни укажува дека германската економија сега се движи кон рецесија, се наведува во документ во кој имале увид германски медиуми.

На 14 февруари, Сојузниот завод за статистика ќе ги објави податоците за БДП на Германија за четвртиот квартал од 2018 година, кој, ако е негативен, ќе ја стави Германија во рецесија, по намалувањето во третиот квартал.

Најголемата економија во Европа се намалила за 0,2% во третиот квартал од 2018 година, главно поради проблеми во автомобилскиот сектор.

Минатата недела германската влада ги намали прогнозите за економски раст во 2019 година на 1% поради брегзит и трговските војни.

Претходно «
Следно »