ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МНР: Не патувајте во Вухан – расте бројот на мртви од корона вирусот

  • January 25, 2020
  • Коментари

Македонските власти со предупредување до граѓаните кои патуваат во Кина за опасноста од новиот коронавирус. Министерството за надворешни работи препорачува воздржување од патувања во градот Вухан и во поширокиот регион со оглед на превентивните мерки кои што ги преземаат тамошните власти.

Македонскиот институтот за јавно здравје пак веќе изготви информативни флаери кои ќе се делат на македонските аеродроми за како да се заштитат патниците од опасниот вирус. Епидемиолзите велат дека она што досега се знае за вирусот е дека се пренесува од човек на човек, смртноста е помала во споредба со другите корона вируси, но се уште не се знае точно од кое животно потекнува заразата. Симптомите се исти како кај грипот.

Светската здравствена организација не прогласи глобална вонредна состојба, но епидемиолозите велат дека не се исклучува и оваа опција во иднина доколку продолжи ширењето на вирусот. Засега не постои вакцина против новата вирусна инфекција, a за развојот на нови вакцини ќе треба повеќе време.

Вкупно 26 лица досега починаа од вирусот. Најмладата жртва е 48, а најстарата 69 години. Вирусот почна брзо да се шири во последниве пет дена, кога од 100 билансот на заразени се искачи на 850. Заразата веќе се прошири во Тајланд, Јужна Кореја, Виетнам, Јапонија, Тајван и САД, а се чека потврда за уште 14 сомнителни случаи во Британија.

Претходно «
Следно »