ПРЕДУРЕДУВАЊЕ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ ОД МЕТЕОРОЛОГОТ НА ИНФОМАКС: Славчо Попоски смета дека поплавите и земјотресот се поврзани!

  • September 11, 2016

Јакиот земјотрес од 5.3 степени кој попладнево по 15 часот го погоди Скопје, а беше почувствуван и во другите градови направи пукнатини по ѕидовите на голем број домови, но и згради. Граѓаните раскажуваат дека паѓале чаши, слики и други предмети од мебелот и покуќнината.

slavco

Поради силниот земјотрес беше евакуиран трговскиот центар Капитол мол во скопската населба Аеродром. Во вестите на ТВ Телма беше кажано дека и нивниот објект има оштетувања од потресот.
Граѓаните излегуваат на улиците и се плашат како ќе ја поминат ноќта во своите домови.

Метеорологот Славчо Попоски кој работи за Инфомакс, за порталот Фактор.мк вели дека по поплавите очекувани се вакви земјотреси.

„Според мене поплавите и земјотресите се поврзани. За мене дури и беше очекувано да има ваков земјотрес, бидејќи во почвата има големо количество вода. По овој потрес, може да има други помали потреси, но да се надеваме дека нема да биде нешто сериозно. На граѓаните им порачувам да бидат подготвени, и во случај на земјотрес да ги напуштат своите домови“ – вели Попоски.

Михаил Гаревски од ИЗИИС денеска кажа дека е многу тешко да се предвидат земјотресите и дека земјотресот кој утрово го погоди Скопје не е толку силен за да предизвика штети.
Епицентарот бил во скопско. Утрово се регистрирани и два послаби потреси.
Содржината е преземена од порталот ФАКТОР.мк

Претходно «
Следно »