August 15, 2020, 3:07 pm

Пред 69 години на Голи Оток пoчинa Панко Брашнаров – Првиот претседател на Заседанието на АСНОМ

Поврзано

Се обиделе да пpeнесат мигpaнти низ Македонија, меѓу кои деца од Сиpија, Паkистан и Авганистан

Дваесет и осумгодишниот М.Ј од Штип е лишен од слобода и приведен во полициска станица, зашто вчера им бегал...

Вело Марковски: Погpeшија и сега сме на почетокот

Последните Ковид19 статистики покажуваат процес на стабилизација на состојбата и пад на кривата, што може да се толкува како...

Средбa Николовски – Груби, cе работи на предлог програма за работа на евентуалната идна Влада

Продолжуваат консултациите и работата на ниво на генерални секретари na СДСМ Љупчо Николовски и на ДУИ Артан Груби викендот,...
- Advertisement -

На денешен ден во 1951 година на Голи Оток, во таканаречената „болница на работилиштето – мермер“, умрел Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител, хуманист, воденичар, кафеџија, градинар и слуга, најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ, прв претседател на Заседанието и прв потпретседател на АСНОМ, прв доверител за информации во првата привремена влада на Македонија, најблизок соработник на Матодија Андонов – Ченто, еден од плејадата херои-маченици на Голи Оток. Роден бил во Велес, на 9 август 1883 година.

Панко Брашнаров е роден во Велес. Образованието го започнува во родниот град во месната Егзархиска прогимназија. По завршувањето на прогимназијата, во 1900 година школувањето го продолжува во Машкото педагошко училиште во Скопје. Учителствувањето го започнува во кумановските села каде почнува да ги шири првите револуционерни идеи. По Младотурската револуција зачленува во Народната федеративна партија. Учителствува до почетокот на Балканските војни како егзархиски учител.

Уште пред Балканските војни учествува во работата на Социјалистичката организација во Велес која е дел од Македонско-одринската социјалдемократска група на членовите на Бугарската работничка социјалдемократска партија. Соработува во органот на Васил Главинов, „Класно сознание“. По војните во 1914 година пребегал во Бугарија. Завршил Виши педагошки курс на Егзархијата во Пловдив во 1915 година. За време на Првата светска војна станал воjник во Единаесетта пешадиска македонска дивизија на бугарската војска и бил испратен на фронтот кај Дојран.

По Првата светска војна, во 1919 година Брашнаров се враќа во Вардарска Македонија. Србите му нудат да работи како учител, но тој одбива. Работел како воденичар, градинар и крчмар. Станува член на Комунистичката партија на Југославија. Во текот на 1920-тите учествува на повеќе конференции и конгреси на КПЈ. Така, во 1920 г. е избран за делегат од велешката партиска организација на Вуковарскиот конгрес; во 1922 г. учествува на Првата земска конференција на КПЈ во Виена; во 1924 г. е делегат на Третата земска конференција на КПЈ во Белград; во 1926 г. учествува на Третиот конгрес на КПЈ во Виена.

На основачкиот конгрес на ВМРО (Обединета) во октомври 1925 година е избран за член на нејзиниот прв централен комитет. Во август 1926 година е уапсен и во април 1927 година е осуден на две-годишна робија. Од затвор излегува во февруари 1928 година. Кон крајот на мај 1929 година, на пат за конгресот на ВМРО (Обединета) во Берлин, е уапсен на југословенско-австриската граница. По настанатата голема провала на ВМРО (Обединета) во Вардарска Македонија на 5 јули 1929 година, Брашнаров е спроведен назад во Велес. На судењето во јуни 1930 година тој е осуден на пет години робија и доживотно губење на граѓанските права. Затворен е во затворот во Сремска Митровица. По излегувањето од робија, политички се повлекува.

По окупацијата на Македонија од страна на Бугарија во текот на Втората светска војна, Брашнаров бил член на Бугарскиот централен акционен комитет, а потоа повторно станува бугарски учител (бидејќи администрацијата била бугарска). Од 1943 година се поврзува со партизаните. Во мај 1944 година преминува на слободна територија и станува член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Како најстар делегат го отвора Првото заседание на АСНОМ. На него е избран за потпретседател на Президиумот на АСНОМ. На 6 август е избран за повереник за информации во Президиумот на АСНОМ.

По ослободувањето на Македонија, на 26 ноември, во ослободеното Скопје, на Првата конференција на Народноослободителниот фронт на Македонија е избран за негов потпретседател. Реизбран е во Президиумот на АСНОМ на Второто заседание на АСНОМ во декември 1944 и на Третото заседание во април 1945 година.

Брашнаров е уапсен на 11 декември 1950 година и на 29 јуни 1951 е осуден на „општествено полезна работа во траење од 24 месеци“. Во првите денови од јули е испратен во логорот на Голи Оток, каде што набрзо, на 13 јули, умира.

Шеесет години не се знаеше каде се погребани неговите посмртни останки. Во септември 2011 година, новинарска екипа на емисијата КОД, составена од новинарите Владимир Тевчев и Александар Кукулев и снимателот Данчо Стефков успеа да го пронајде гробот на Панко Брашнаров. Закопан е на градските гробишта Мирогој во Загреб. Неговите посмртни остатоци доживеале две есхумации. Во 1953, две години по неговата смрт на Голи оток, тој е погребан на загребските гробишта. Во 1971 година е есхумиран во заедничка гробница, во близина на првото гробно место, а во почетокот на осумдесеттите, неговите коски, заедно со коските на уште неколкумина негови современици се преместени на необележана гробна парцела, на крајот на гробиштата.

Latest News

„Сите пpoблеми во Белорусија ќе бидат решени“: Путин и Лукашенко остварија телефонски разговор за ситуацијата во Белорусија

Претседателите на Белорусија и Русија, Александар Лукашенко и Владимир Путин, денеска во телефонски разговор изрaзија верба дека сите пpoблеми...

(Видео) Чак Норис го пpeдупреди Лукашенко: „Ќе дојдам таму кај тебе и ќе те рaсплачам“

Американскиот глумец, познат по улогите во акционите и филмовите со бopечки вештини, Чак Норис, сними видео порака претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, чија официјална...

Иcчезна 19 годишно момче од Тетово, полицијата трага по него

На 14.08.2020 во СВР Тетово, М.Т.(42) од Скопје, со живеалиште во Тетово, пријaвила дека од домот се оддалечил нејзиниот син А.Т.(19). Се преземаат мерки за...

Помпео во посета на Полска, потпишан договор за вoeна соработка

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и полскиот министер за одбрaна Мариуш Блашчак денеска во Варшава потпишаа договор за одбрaнбена соработка, кој поставува правна рамка...

Продолжена грчката зaбpaна за влез на македонски граѓани

Министерската одлука за привремено огрaничување на врските на Грција со Македонија, Турција и Албанија, од 31 јули 2020 година, што е во сила до...

More Articles Like This