ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ОБУКИТЕ ЗА ПИЛОТИ: Денес во Дом на АРМ ќе се одржи презентација на обуките на Центарот за пилоти!

  • January 28, 2017
  • Коментари

Центарот за обуки на пилоти денеска во Домот на Армијата во Скопје организира презентација на обуките за пилоти

mi_24_makedonski

На презентацијата ќе присуствуваат директорот на Центарот за обука на пилоти, Јаари Шрага, инструктори, завршени кадети и кандидати кои во моментов се обучуваат во Центарот.

Сите оние кои се заинтересирани, потенцијални кандидати и кои ги исполнуваат условите согласно Конкурсот ќе имаат можност да  да се информираат за процесот на обука и се она што ги интересира во однос на професијата пилот и идниот ангажман како пилоти во Армијата на Република Македонија.

Претходно «
Следно »