Прекината седницата за одложување на пописот, пратениците не можеле да најдат паркинг

Поврзано

Taжнa вecт: Пoчинa Кирил Псалтиров, дoajeн на мaкедонското глyмиштe

Денес на 08.05.2021 после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште. Тој беше еден...

(Видео) „Oдимe нa EП“: Пoглeднeтe гo cпoтoт нa нaвивaчкaтa химнa нa нaшaтa фyдбaлcкa peпpeзeнтaциja

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско првенство!“  на нашата фудбалска...

(Видео) Ceкоja чecт: Македонија oди нa Oлимпиjaдa – oвa e Македонецот кој обeзбeди oлимпиcка визa

Македонија оди на Олимпијада во престолнината на Јапонија! Македонскиот репрезентативец Дејан Георгиевски денеска на олимписките квалификации во таеквондо се избори...
- Advertisement -

Собранието на Република Македонија попладнево го започна продолжението на 38. седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за попис, со којшто се предвидува одложување на пописот за септември, и измени и дополнувања на Изборниот заоник. На барање на координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи, која се противи на одложувањето на пописот, седницата е прекината и ќе продолжи во 16:30 часот.

Реџепи бараше промени во редоследот за обраќање на пратениците и тврдеше дека тие доставиле листа со пратеници до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Претседателот на Собранието кажа во кои случаи се составува листа на пратеници кои ќе зборуваат, и рече дека кога почнало продолжението не сите пратеници на оваа пратеничка група биле во салата да се пријават за збор.

Образложението зошто не биле пратениците во салата на Реџепи беше дека некои пратеници не можеле да најдат место за паркирање, а потоа морале и да се потпишат дека дошле во Собранието.

Претседателот на Собранието рече дека седницата била закажана за 15:00 часот и оти не е негов проблем што некој доаѓа во 15:15 часот и доцни на работа и притоа не наоѓа паркинг. Дека ќе има седница, потенцираше тој, се знаеше уште од вчера.

Џафери, сепак, го прифати барањето и даде еден час пауза.

Latest News

Cитyaциjaтa e зaгpижyвaчкa: Ceчeњeтo нa пpaшyмaтa вo Амазонија ce згoлeмилo зa 43 oтcтo

Сечењето на прашумата во Амазонија се зголемило за 43 проценти во април во споредба со истиот период минатата година,...

More Articles Like This