October 26, 2020, 11:16 pm

ПРЕКРШЕН Е УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ ПРИ АПСЕЊЕТО НА ПРАТЕНИЦИТЕ: Талат Џафери за политичкиот прогон кој го спроведува хунтата на СДС!

Поврзано

Сајкоски: Фактите за Гоце Делчев ги утврдила, не само нашата, туку и светската историја

Жaлам што Бугарите не сфатија дека ние како соседи треба да си помагаме и да одиме напред, а не...

Ќе има анекс-договор меѓу Бугарија и Република Македонија пред да отпочнат преговорите?

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски е оптимист дека ќе се најде решение со Бугарија и во декември ќе...

На 500 зapaзени дневно: Филипче е пpoтив полициски час, доволни биле мерките

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека е пpoтив воведување полициски час и дека измените на Законот за...
- Advertisement -

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери во своето вчерашно гостување на телевизија Алсат, во емисијата „Патот кон“ потенцираше дека МВР и правосудните органи при апсењето на пратениците кои се гонат за настаните од 27 април го прекршиле Уставот на Република Македонија, кој го гарантира правото на имунитет на пратеникот и не со обратиле до Собранието пред апсењето на пратеникот, што е впрочем и нивна законска должност. Џафери објаснува дека се прекршени сите процедури при апсењето од страна на властите и дека самата постапка за лишување од слобода со прекршување на процедурите е  непотребна зошто пратениците 8 месеци си доаѓале на работа и биле слободни, со што дефакто биле на достап на органите на прогонот.

„Мерката притвор не може да се одреди на пратеник или носител на имунитет, ако не е фатен при вршење на кривично дело за кое е предвидено над 5 години можна минимална казна затвор. И ова се прашања кои ги санкционира Уставот.“ Вели Џафери.

Според Џафери судијата на претходна постапка има законско овластување во кривичната постапка да нареди носење или донесување на лицето пред соодветен орган. За обврската на судијата на претходна постапка при апсење и лишување од слобода на лице со имунитет, Џафери дополни:

– Ако има сознание дека е вмешано лицето во правно кривично дело и ако има сознание дека е носител на имунитет, тогаш соодветниот орган треба да се обрати на Собранието, односно на Претседателот на Собранието, а ако се исполнети условите за дебата за прашањето на одземање на имунитет, таа процедура да се направи пред да се делува од страна на соодветниот орган.

Џафери дополнително зборуваше за непочитување на презумпцијата на невиност, која е основно човеково право загарантирано со Уставот, а која не е докрај почитувана во овој случај.

„Презумпцијата на невиност треба да се почитува до крај. Тоа подразбира почитување на опишаните и предвидените процедури, предвидени со соодветни процедури и акти. Во овој правец ова беше причината зошто од самиот почеток ја имав мојата дилема, зошто не може да се направи една постапка која е во судир со процедурите, а потоа проформата да се покрие со последователни одлуки да речеме, во овој случај на Собранието.“

Џафери вели дека презумпцијата на невиност важи до моментот кога во судска постапка со пресуда не се утврди спротивното.

Следствено Џафери не гледа никаква причина зошто било потребно да се прекршат процедурите, според него пратениците доаѓале на работа секој ден и биле слободни.

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Сајкоски: Фактите за Гоце Делчев ги утврдила, не само нашата, туку и светската историја

Жaлам што Бугарите не сфатија дека ние како соседи треба да си помагаме и да одиме напред, а не...

Ватикан и за Божиќ ќе остане без верници, божиќната миса ќе се пренесува на интернет

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, ќе служи миса за Божиќ во Ватикан без присуство на верници, исто како што помина Велигден за време...

Пoчинa човекот за чија глава САД нудеше 10 милиони долари

Починa Езат Ибрахим ал-Дури, вториот човек на рeжимот на Садам Хусеин, „кралот треф“ на мапите на официјалните лица од 2003 година, баран од Американците,...

(Фото) Рамо до рамо со синот: И сопругата на ерменскиот премиер оди во вojнa

Ана Хакобјан, сопругата на ерменскиот премиер Никол Пашинјан, денеска објави дека по вoeната обука, таа и уште 13 жени ќе заминат во Нагорно-Карабах. -Од утре,...

Како да го продолжите траењето на бaтеријата на паметните телефони

Корисниците на паметни телефони често се жалaт дека нивната батерија трае пократко отколку кога ја купиле, дека некои апликации трошат премногу електрична енергија и...

More Articles Like This