ПРЕМИЕРОТ ГИ КОРЕГИРА НОВИНАРИТЕ: Владата им зготви упатство за употреба на ,,С” Македонија

Поврзано

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Само патници со мacки ќе може да влезат во полупразен автобус

Владата на вчерашната 58-ма седница донесе измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во...

НAПЛИB ОД ПAЦИEНТИ СО KOВИД-19 ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Cекоја вечер возилата на Итнa медицинска помош носат по десетина пaциeнти

Секоја ноќ по 10 до 12 пациенти со Ковид-19 завршуваат во ГОБ„8 септември“. Така е цела седмица. Напливот од...

РОКОТ ИСТЕКУВА УТРЕ: Граѓаните уште утре имаат рок да ги потврдат или коригираат дaнoчнитe пријави

Утре истекува рокот во кој граѓаните можат да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа...

Владата не наложува, но замолува медиумите да го користат новото име на државата.

„Најљубезно ве молиме да ги употребувате следните термини: официјалното име на земјата: „Република ,,С” Македонија”; Кратко име: „,,С” Македонија”. Националност (државјанство): Македонско/граѓанин на Република ,,С”Македонија“ се наведува во упатството за медиумите.

Ова ќе биде задолжително само за Македонската или по ново Националната радио телевизија и за Македонската односно Националната информативна агенција. За приватните медиуми, Владата само сугерира. Како што информираат од „Илинденска“, иако Уставните измени стапија на сила, не може да се очекува државата да формира некаква „јазична полиција“ која ќе им наложува како да се изразуваат новинарите.

И покрај тоа, неодамна токму премиерот во напорите за креативно толкување на Преспанскиот договор си зеде за право да коригира новинар, кој одлучи да го употреби името Република Македонија во едно свое прашање.

Од Владата велат дека и грешките на функционерите при користењето на имињата и придавките треба да се пренесуваат онака како што биле изговорени, иако премиерот и својот министер Анѓушев јавно го поправаше кога државата ја нарече со старото име.

Од Владата денеска објаснија дека историските референци си остануваат онакви какви што биле, Борис Трајковски бил претседател на Република Македонија и настаните што се случиле до 12 февруари годинава се пишуваат дека се случиле во Република Македонија, а се после овој датум се смета дека е случено во Република ,,С” Македонија.

Сепак, премиерот беше креативен и во овој дел. па на годишнината од смртта на Трајковски рече дека тој бил силен лобист за ,,С” Македонија да стане членка на НАТО.

Владини извори брифираат дека и грчките власти максимално коректно го почитуваат Договорот од Нивици, но дека и кај јужниот сосед ќе треба долго време за приватниот сектор да ги прифати промените и да ги напушти изразите како Скопје или ФИРОМ кои се користат за именување на нашата земја и народ. Потенцираат дека од грчка страна досега немало никакви жалби и забелешки во врска со спроведувањето на Договорот од македонска страна.

Актуелно

ФАЛБАТА Е ‘РЃА: Ако место да работи Филипче продолжи да шета по ПР агенции, бројките не можат да бидат поразлични од денешните

Не може да очекуваме подобри резултати во однос на справувањето со корона вирусот, ако министерот за здравство Венко Филипче,...

НИКОЛОСКИ: Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори

Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори, нагласува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој...

НИКОЛОСКИ: Кога на Заев му се рyши планот за брзи избори виновни му се граѓаните, во суштина Заев е виновен

Денеска кога на Заев му се руши планот за брзи избори по цена на човечки животи, виновни му се граѓаните а во сушнина Заев...

НИКОЛОСКИ: Македонија е прва во регионот по број на пoчинaти и зapазени, а на дното по број на тестови на милион жители

Споредено со регионот, Македонија е на врвот на листата по број на пoчинати и на зaразени лица на милион жители, но сме дното на...

КАСАМИ ОПАСНОСТ ЗА ЛИДЕРИТЕ: Без маска и ракавици, на иста маса со половина Свиларе

Претседателот на тетовското крило на БЕСА Билал Касами и коалиционен партнер на СДСМ и Зоран Заев, денес, спротивно на сите протоколи за заштите од...

Повеќе вести