August 8, 2020, 12:18 pm

ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ СО ПОРАКА : Потребна е соработка, а не мешање во внатрешните работи на земјите од Западен Балкан и силно почитување на сувереноста и интегритетот на секоја држава

Поврзано

Ристески: Денес е тaжeн дeн за Македонија, за ceмeјcтвaта на зaгинaтитe, за сите нас, ден на вeчнa тaгa и нeпpeбoл, на гордост и нeпoкop

Поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески преку статус на Фејсбук им оддаде почит на трагично загинатите војници кај местото...

КСС: Наместо Заев да нaјaвyвa oтпyштaњe на 30 илјади paбoтници вишoк од jaвниoт ceктop, Влaдaтa да го cпpoвeдe зaкoнoт за paбoтни oднocи

Во изминатиот период бевме бомбардирани преку медиумите дека е намален обемот на работа во јавниот сектор поради економската и...

Мицкоски на 19-гoдишнинaтa од Кapпaлaк: Слава за хepoитe кои зaгинaa за Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук денеска се потсети на трагично починатите херои за Македонија кај...
- Advertisement -

Неопходна е соработка, а не мешање во внатрешните работи и силно почитување на сувереноста и интегритетот на секоја држава. Само така регионот ќе оди напред и политички и економски, порача премиерот Емил Димитриев на денешниот Самит на земјите од Западен Балкан што се одржа во Сараево.

emil-dimitriev

На Самиот, како што јави известувачот на МИА, покрај Димитриев учествуваа и премиерите на Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово и на Србија, како и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан и италијанскиот министер за надворешни работи Анѓелино Алфано.

Димитриев истакна дека за реализација на заедничките проекти на земјите од Западен Балкан, кои носат бенефит за граѓаните, од круцијално значење е обезбедувањето добра политичка клима меѓу државите.

emil dimitriev1

– Сведоци сме на растечки тензии во светот, но и во регионот на Западен Балкан. Случувањата во нашите земји имаат директно влијание врз ЕУ и затоа регионот треба да се смета за висок стратешки приоритет на Унијата. Закочениот интеграциски процес стимулира настабилност во регионот, а интеграцијата во ЕУ се уште е најцврстата кохезивна сила, рече Димитриев.

Тој посочи дека Македонија и другите земји од регионот треба да се сметаат како партнери во справувањето со предизвиците со кои се соочува ЕУ.

– Свеж и актуелен е примерот со мигрантската криза преку која се докажа дека ние сме кредибилен партнер на ЕУ за надминување на предизвиците, потенцира Димитриев.

dimitriev saraevo

Во економска смисла, како што рече, неопходна е инфраструктурна агенда како средство за создавање нови работни места и пошироки деловни можности.

– Поддршката на ваквата агенда од Берлинскиот процес помага за нејзино исполнување, посочи Димитриев.

Република Македонија користи сопствени средства и заеми за изградба на транспортни коридори со регионално значење. Затоа потребни се смели чекори од страна на ЕУ за да се обезбеди одржливост на финансиската поддршка за регионална транспортна поврзаност, рече македонскиот премиер. Тој истакна дека вниманието на Македонија е кон источниот дел на Коридорот 8 и изградбата на пругата од Куманово до бугарската граница.

dimitriev han

– За овој проект нашиот меѓународен инвестициски партенр ЕБОР ги потврди зрелоста, економската одржливост и стратешкото значење. Македонија повторно го поднесе барањето за поддршка на овој проект со надеж дека неговата политичка тежина и припадноста на Трансевропската транспортна мрежа ќе бидат земени предвид, потенцира Димитриев.

Тој посочи дека до самитот во Трст Македонија очекува да дојде до унапредување на заедничкиот пазар на земјите од Западен Балкан

Latest News

Ристески: Денес е тaжeн дeн за Македонија, за ceмeјcтвaта на зaгинaтитe, за сите нас, ден на вeчнa тaгa и нeпpeбoл, на гордост и нeпoкop

Поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески преку статус на Фејсбук им оддаде почит на трагично загинатите војници кај местото...

КСС: Наместо Заев да нaјaвyвa oтпyштaњe на 30 илјади paбoтници вишoк од jaвниoт ceктop, Влaдaтa да го cпpoвeдe зaкoнoт за paбoтни oднocи

Во изминатиот период бевме бомбардирани преку медиумите дека е намален обемот на работа во јавниот сектор поради економската и здравствената криза, но и понатаму...

(Видео) Зошто СДСМ кpиe неколку cтoтици илjaди eврa за peклaми на социjaлни мpeжи и од каде им се?

СДСМ е најнетранспарентната политичка партија во Република Македонија и тоа поттикнува многу сомнежи. СДСМ овие избори ги изведе на најнедемократски начин, вршејќи најголем изборен...

Од бaндит вoдaч не бидyвa, Заев се пpeпoтyвa затоа што и неговите му велат дека е гoтoвo

СДСМ пишманска! Трети ден во јавноста пуштаат соопштение дека имаат мнозинство, трет ден само што не ги спремиле звучниците на најјако со песната ,,Зоки...

Го yдpил и избeгaл – Момче пoвpeдeнo во cooбpaќajкa

На 08.08.2020 во 00:00 часот било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода бил донесен Б.П.(24) од Скопје. Имено...

More Articles Like This