ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ МУ КАЖА НА МИНИСТЕРОТ ЗОРАН: Треба да има реализација на капитални проекти над 80%

  • July 29, 2019

Во Владата не се толку големи оптимисти како лани за реализацијата на капиталните проекти. По катacтрофалните резултати во првите 6 месеци, сега премиерот ќе биде задоволен ако најважните инвестиции се реализираат над 80% од планираното. Вели не биле во прашање само 400 милиони евра од буџетот, туку и 500 милиони евра средства во јавните претпријатија, македонски железници, државните електрани, фирми кои ги остварувале проектите. Заев уверува дека е зголемена динамиката на изградба на пругата кон Бугарија, гасификацијата добро се одвивала, па дури и ќе се одвоеле повеќе пари со ребаланс на буџетот за оваа намена. Најави дека со прекројувањето на државната каса наесен, пари ќе се кратат од кредфитните линии за железницата и рамномерниот регионален развој.

Заев изрази уверување дека капиталните инвестиции ќе бидат сериозна подршка на севкупниот економски раст и развој, бидејќи како што посочи повеќе растот не зависи од јавната потрошувачка на буџетските пари.

Во првата половина од годинава, реализацијата н акапиталните инвестиции изнесуваше едвај 20% од вкупно планираното за цела година. Експертите алapмираа дека причина за тоа се лooшото планирање, бавната администрација, лоошите закони и бирократијата. Минатата година заврши со катацтрофална реализација на капиталните инвестиции. Беа потрошени едвај 197 милиони евра односно 65.5% од планираното со ребалансот на буџетот или помалку од половина од првично планираните над 400 милиони евра.

Претходно «
Следно »