October 24, 2021, 3:43 am

Премиерот Заев утре во Тирана на работна средба на лидерите на Западен Балкан со германската канцеларка Меркел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на покана на канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, утре ќе ја предводи владината делегација во еднодневна работна посета на Тирана.

Премиерот Заев ќе учествува на работната средба на канцеларка Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Согласно агендата, во текот на попладнето претседателот на Владата Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе имаат билатерална средба со канцеларката Меркел.

Во рамките на оваа еднодневна работна посета, премиерот Заев ќе го посети Македонскиот културен центар во Тирана.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This