Пренџов до Каевски: Не говорете гола политика, засрамете се, се фалите дека сте спасиле 11 милиони евра, а се задолживте 700 милиони евра

Поврзано

HoB ckaHдал:Се појавува нов „Рашковски“, овој пат во Градот Скопје воден од Шилегов

Нов скандал на мафијата овој пат сомнежите се свртени кон тендер на мрзеливиот Петре. Очигледно на повидок е нов...

Османи ги пpeтcтaви пpвитe чeтиpи eкoнoмcки coвeтници кoи ќe бидaт yпaтeни вo Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во рамки на исполнување на предвидените активности кои произлегуваат од мандатна мисија,...

Утре пoвтopнo oбид зa дeблokaдa нa Coбpaниeтo

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за во недела пленарната седница на која треба да се изгласааат петтиот...
- Advertisement -

„Мислам дека не е во ред кога на граѓаните им се кажува знаете што ние спасивме 11 милиони евра. А, не се кажува дека власта 700 милиони евра се задолжила, а се кажува дека спасила 11 милиони евра. Според мене тоа е многу погрешна работа. Ние лани имаме странски задолжувања милијарда и 60 милиони, домашни 591 милион, а имаме и дефицит од 875 милиони евра. А, тоа е само за фискална 2020-та година. Дополнително уште не дошол март што се вели, имаме нови 700 милиони евра и одиме со наратив дека сме спасиле 11 милиони евра“,истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во емисијата „24 Анализа“.

Пренџов додаде дека според него ова се темите кои што треба да се говорат во јавноста, а не да се разговара за гола политика.

“Каевски вели дека е легитимно денеска да има под 62 пратеника, и вели дека опозицијата немала секогаш 44 пратеници. Мислам дека треба да се разбереме, а тоа е дека власта ја има одговорноста. Премиерот Зоран Заев во секоја втора реченица вика јас ја имам честа и одговорноста да ја водам оваа држава. Господине Кавески под чест и одговорност се подразбира да имате потребно парламентарно мнозинство кое што и јас и Вие и господинот Стојаноски знаеме дека го немате“, нагласи Пренџов.

Пренџов посочи дека со вакво мнозинство со кое што се фали Владата тешко дека Македонија ќе добие датум за преговори за ЕУ.

Latest News

Двојни стандарди на Мaричиќ: Кога обичните луѓе пpekpшуваат кapaнтин, 2000 евра kaзна, кога СДСМ го прави тоа, се нарекува херојски чин

Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил го поздрави, како што вели тој херојскиот чин на пратеничката...

More Articles Like This