September 28, 2021, 12:00 pm

Пренџов: Заев на политичките опонeнти и граѓаните им испраќа порака „ако не може милум тогаш ќе биде cилум“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пораката на Заев откако дојде на власт кон политичките опоненти и јавноста е дека или ќе биде милум или силум. Тој така функционира постојано, бидејќи индиректно преку неговиот пи ар, тој ја праќа таа порака, вели пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов, во „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.
Тој вели дека Заев така го смени името, така носи закони, тоа е пораката која му ја испрати на директорот на Државен пазарен инспекторат и дека затоа ги донесе позитивните пратеници во Собрание.
– Тоа една од причините зошто државата ни е ваква каква што е сега. Еве последно, спротивно на закон, спротивно на препораки носи двајца пратеници во скафандери во Собрание, а притоа има 113 во салата. Тие беа 114 и 115, а потребни беа 61. Чуму тој театар? Во скафандер се облекува здрав човек кога оди во посета на заразени, а не обратно. Тоа не може да се премолчи, вели Пренџов.
Пренџов вели дека целите драми за петтиот пакет на мерки бил затоа што власта самата не сакаше да го изгласа.
– Бројките кои сами на себе си ги напишале се поразителни. Ние сме една од ретките држави која што во пандемија најмалку помогнала на стопанството, дури помалку помогнале и од Косово. Дале 329 милиони евра досега за поддршка, а викаат дека дале 1 милијарда и 150 милиони. Земале кредит од 94 милиони евра, кој потоа како кредит им го даваат на фирми и се фалат дека помогнале. Помош е кога ќе помогнеш некому, а не му бараш за возврат. Во извештајот кој сами си го напишале за помош кажуваат дека имаат 160 милиони евра кои се неискористени. Народ и фирми не можат крај со крај да сврзат, а тие имаат пари кои не ги дале, нагласи Пренџов.

Latest News

Арсовска: Бecплaтeн jaвeн пpeвoз зa cитe cкoпjaни

Бесплатен јавен превоз за сите скопјани и понуда на избор за жителите за еколошка алтернатива на нивните автомобили беше...

More Articles Like This