April 19, 2024, 12:50 pm

ПРЕНЏОВ ЗА ОБBИHEHИЈАТА КОН ЈАКИМОВСКИ: Јакимовски не е ocoмничен за кpиминал и кopупција, туку затоа што премногу работел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на Граѓанската Опција за Македонија- ГРОМ, Љупчо Пренџов одржа прес конференција по повод вчерашните случувања и oбвиненија кон претседателот на партијата ГРОМ и екс градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Во продолжение ви го пренесувам интегралниот текст од прес конференцијата:

 

Почитувани,

Се наоѓаме на местото на наводниот злocтор на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски. Овие жардиери беа направвени од истиот тој градоначалник со цел:

1. Да се отстранат паркираните возила долж тревникот по Булеварпот Партизански Одреди
2. Да се заштитат пешаците и велосипедистите од сообраќајот и неодговорните возачи.
3. Естетски да се разубави најголемиот булевар во РМ – Булеварот Партизански Одреди.

На истите овие жардињери градоначалникот Јакимовски ископа и бунари, постави хидрантска мрежа и секоја година беа засадувани разновидни цветни аранжмани.

Да потсетам, дека, до доаѓањето на Стевче Јакимовски, на територијата на Општина Карпош немаше ниту едно единствено цвеќе на јавна површина.

Оттаму, не ни е јасно, со изградбата на овие жардињери и садење на цветни аранжмани, што Стевче Јакимовски направи, а е спротивно на интересите на жителите на Општина Карпош. Значи, тој не е oбвинeт за кpиминал, не е oбвинeт за кopупција тука затоа што премногу работел и премногу направил за своите граѓани. За него вчера беше побаран пpитвop, затоа што Булеварот Партизански Одреди не бил во надлежност на Општина Карпош туку на Градот Скопје, и, тој сработил нешто што наводно не била негова работа.

Почитувани,
Не беше работа на господинот Јакимовски и да ја коси и тревата во Општина Карпош туку тоа е работа на Градот Скопје – па истиот тој, ја косеше.

Не беше обврска на поранешниот градоначалник да ја одржува хгигиената во општината, но истиот вработуваше по минимум 100 луѓе кои се грижеа за поубав и почист Карпош.

На почетокот на својот мандат исфрли 540 камиони со шут, смет и друг вид на отпад и расчисти 47 диви депонии. Благодарение на Јакимовски, денес, во урбаниот дел на општината нема ниту една дива депонија.

Кејот на реката Вардар е во надлежност на Градот Скопје. Кој го исчисти коритото? Кој влезе со булдожери во речното корито? Кој го осветли кејот на Вардар од Влае до Александар Палас? Кој го поплочи истиот? Кој цело време го одржување? Се разбира Стевче Јакимовски. И за ова ли имаат намера да го судат, и за ова ли имаат намера да го притвораат?

Затоа, нам од ГРОМ, ни е јасно дека нема да им се суди на тие што не работат ништо туку на оние кои премногу работеле за своите граѓани.

И, конечно, не си винoвен затоа што си виновен, туку, затоа што треба да бидеш oбвинет. А, на оваа власт и требаат обвинети, уценети и замолчани политички противници, за да не можат да бидат судени, барем, и со јавен збор за своето неработење.

Јакимовски обвинет затоа што многу работел – прес конференција на потпретседателот на ГРОМ Љупчо Пренџов

Јакимовски обвинет затоа што многу работел – прес конференција на потпретседателот на ГРОМ Љупчо Пренџов

Posted by infomax.mk on Wednesday, March 20, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This