Пренџов: Никогаш нема да се согласам, ниту како човек, ниту како пратеник, дека сме биле дрво без корен, па некој не создал преку ноќ

Поврзано

- Advertisement -

Пратеникот од ГРОМ, Љупчо Преџов, во денешното гостување на Радио Лидер зборуваше за блокадите во десетина градови во Македонија кои веќе втор ден ги поставува ВМРО-ДПМНЕ, со цел да добие од власта образложение за преговорите кое деновиве се водат во Бугарија преку македонскиот специјален претставник, Владо Бучковски.

„Ова се предупредувачки протести односно блокади во центарот на главниот град и уште неколку градови. Пораката е предупредувачка, дека нашата историја, македонскиот јазик, култура, традиција, се црвените линии за кои со никој не се преговара, а тоа се однесува пред се на нашиот сосед Бугарија“, рече Пренџов.

Тој нагласи дека овој спор меѓу две држави се решава на цивилизиран, културен начин каде што ќе преовладуваат аргументите и не треба да дозволиме ова да биде спор меѓу бугарската држава ивладата на Зоран Заев.

„Секоја држава треба да има изградено позиција во рамки на домашните општества. Нам ни треба тоа што го има Бугарија, а тоа е еден општествено политички консензус за позициите на држвавата при преговорите со Бугарија бидејќи гледаме дека тие се објективна пречка при нашата евроинтеграција“, вели Пренџов.

Пренџов истакна дека тој, како човек, граѓанин и како пратеник во собранието на Република Македонија, никогаш нема да дозволи да Македонецот и македонскиот народ бидат монета за поткусурување во балканските византиски игри и нема да дозволи нашата историја, традиција и култура и јазик да бидат негирани.

„Никогаш нема да се согласам дека сме биле дрво без корен па некој некогаш не создал преку ноќ и сите тие тези што ги иимаат бугарските политичари и така арогантно и самоуверено ги даваат во јавноста изминативе месеци“ дециден е Пренџов.

1 коментар

Latest News

Oдлични вecти: Eвe штo пpeдлaгa Koмиcиjaтa зa зapaзни 6oлecти

Утрово Комисијата за заразни болести предложи олабавување на мерките. „Утрово на Комисијата за заразни болници се донесоа следните одлуки кои...

More Articles Like This