Пренџов: Па вие на оваа влада да ѝ дадете две овци, три ќе изгубат, како очекувате народот да има доверба во нив

Поврзано

- Advertisement -

Пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов, во денешното гостување на Радио Лидер зборуваше скандалот со пасошите, кога на над 200 странски нарко босови им беа дадени македонски пасоши односно македонски идентитети. Пренџов истакна дека не очекува транпарентност во однос на истрагата, ниту пак одговорнот од извршителите.

„Ние имаме изместени вредности, наместо институциите кои земаат плата за да откриваат скандали и да ги казнуваат тие скандали, ние имаме состојба тие институции да молчат како риби, да земаат плата како да работат, а од друба страна медиумите, новинарите, политички партии да отвараат афери. И многу е трагично кога новинар, медиум или политичка партија ќе ви ги извади документите што треба да ви бидат во министерството и притоа вие немате одговор на тоа и ги напаѓате тие што ги иткриле документите. Тоа не е нормално, не е во ред. Вие немате сериозна држава.. И после се прашуваме зошто немаме соодветен број на НАТО сертификати. Па вие на оваа влада да им дадете две овци, три ќе изгубат, како очекувате некои да има доверба во нас. Ние на дело покажуваме секојдневно дека не можеме да се грижиме, да ја чуваме, ниту да ја развиваме земјата.“, посочи Пренџов.

1 коментар

Latest News

УЕФА го поздрави пантерскиот рефлекс на Димитриевски (ВИДЕО)

Македонија со пораз ги отвори своите настапи на Европското првенство, откако со 3-1 загуби натпреварот со фаворизираната Австрија. Нашите избраници...

More Articles Like This