ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ЌЕ ИМА ГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ ВО СОБРАНИЕТО: Од Кабинетот на претседателот со потврдија дека Ѓорге Иванов ќе има обраќање во Собранието

  • November 30, 2018

Претседателот ќе ја исполни својата уставна обврска, информираат од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов по денешната информација дека до Собранието се уште не е пристигнато писмо од претседателот за одредување датум за годишно обраќање.

– Согласно член 85 од Уставот на Република Македонија,Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Претседателот Иванов ќе ја исполни својата уставна обврска во текот на 2018 година. Како и досега, така и во иднина, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Ивановќе постапува единствено и исклучиво согласно Уставот и законите на Република Македонија, посочуваат од претседателскиот Кабинет.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на средба со новинарите кажа дека нема утврден датум за обраќање на претседателот Иванов бидејќи не е доставено писмо од кај него за да се утврди точниот датум. Вообичаено, Претседателот на државата во декември пред крајот на календарската година се обраќа пред пратениците.

МИА

Претходно «
Следно »