ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМЕ ДО ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ : Очекувам од Вас максимално да се вложите и да се посветите во изработката на планови за локации за да има што поголем број куќи со кои ќе се реши станбеното прашање на младите до 35 години

  • July 14, 2016

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска ги повика градоначалниците од неговата партија поинтензивно да работат на  реализација на проектот „Купи куќа за млади“ и да се заложат максимално нивните општини да бидат подготвени за инвеститори и за отворање индустриски капацитети.

gruevski gradonacalnici

Во однос на проектот за домување Груевски од нив очекува да се вложат посветено во изработката на планови за локации за да има што поголем број куќи со кои ќе се реши станбеното прашање на младите до 35 години. Проектот го помага државата со средства, но за тоа е потребно градоначалниците и општините, рече Груевски, да обезбедат услови и повеќе локации за продажба.

Ги повика да бидат посветени и на индустриските зони, порачувајќи им дека секоја општина во секој момент треба да има поголем број слободни, подготвени локации, урбанизирани и со комуналии доколку, како што рече, градоначалникот реално и искрено сака да му дојдат инвеститори.

– Таму каде што нема, значи дека градоначалникот не сака или не е заинтересиран толку многу за тоа. Мора да се најде начин секоја општина да има не една туку повеќе подготвени локации за индустрија, за капацитети каде би се вработувале луѓе. Од тој аспект, државата максимално ќе помогне, централната власт е подготвена, проектите се објавени и сега во голема мера зависи од вашата брзина на подготовка на одговорите, но секако и од соработката со Министерството за транспорт и врски, Катастарот и со други институции, рече Груевски нагласувајќи дека од нивниот ангажман зависи колкава ќе биде невработеноста во општината.

Како позитивен пример ја посочи Општина Василево каде што четири индустриски зони веќе се распродадени и невработеноста паднала на 5 отсто.

Претходно «
Следно »