ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЧЕСТИТАШЕ ПРАЗНИКОТ ВОДИЦИ: Радоста, среќата и бериќетот да надвладеат на овој ден и во текот на целата година, Македонија мора да оди напред

Поврзано

Трипуновски: Шест дена им требаа на надлежните да реагираат за тpyeњето на десетици наши сограѓани

Системот на институции за безбедност на храна и заштита на здравјето на луѓето од заразни болести во Репубилика...

Градоначалничката на Општина Старо Нагоричане треба да плати глоба до 34 илјади евра поради непочитување на законите

Во една функционална демократска земја во која владее правото градоначалничката на Општина Старо Нагоричане ќе требаше да плати глоба...

Зоран Заев е веќе сериозно исплашен политичар, го гледа поразот пред своите очи и затоа е во очај и е нервозен

Зоран Заев е веќе сериозно исплашен политичар. Го гледа поразот пред своите очи и затоа е во очај и...

Денес, славејќи го Христовото крштевање и нашето духовно раѓање, дозволете ми во мое лично име и во име ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и во дијаспората, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, стои во честитката која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ја испрати до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.

-Денешниот христијански празник претставува симбол на духовното раѓање и патот по кој треба да чекорат сите верници христијани. Со празникот Водици се продолжува негувањето на нашите традиции и се потврдува нашата верба и почитување на традиционалните вредности кои се дел од нашето општество. Овој голем ден нека биде потсетник на христијанските вредности кои треба да ги почитуваме љубов, хуманост, добрина и проштевање. Нашата конечна цел треба да биде успешна Македонија, држава на среќни и задоволни граѓани, држава која се грижи за своите граѓани и која активно ќе ги решава проблемите на граѓаните. Наместо прогон, потребна е работа и проекти, наместо уназадување и економска стагнација, потребен е раст и напредок. Република Македонија мора да биде почитувана држава, стои во честитката и се додава:

„Радоста, среќата и бериќетот да надвладеат на овој ден и во текот на целата година. Македонија мора да оди напред. Прославувајќи го овој голем празник, да се помолиме на Бога да ги освети нашите реки и езера, да ги благослови нашите граѓани и нашата држава, дарувајќи ни здравје, среќа и благодет. Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник! БОГ СЕ ЈАВИ! НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!

Актуелно

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Повеќе вести