December 8, 2021, 5:42 am

Претседателот Пендаровски ја прими генералната секретарка на Унијата на франкофонските новинари Зара Назариан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Зара Назариан, генерална секретарка на Унијата на франкофонските новинари, која престојува во Република Македонија, по повод формирање на Франкофонско здружение на македонски новинари како полноправна членка во Меѓународното франкофонско здружение.

На средбата, генералната секретарка Назариан го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности на Унијата на франкофонските новинари и заложбите за промовирање на културната и јазична разновидност, и европските вредности за слобода на говор како една од основните придобивки на демократските општества.

Претседателот Пендаровски поздравувајќи го формирањето на франкофонското здружение на новинари во Северна Македонија, ја нагласи важноста од членувањето на македонски новинари во Унијата, како можност за институционална соработка во рамките на Европската Унија, како и размена на искуства во насока на континуиран развој на етичките вредности и професионалните стандарди и принципи.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This