ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ЗДРАВСТВОТО: На мала врата власта ја протнува приватизацијата на здравствениот систем

  • November 22, 2018

Дали на мала врата се протнува приватизација на здравството? Ова прашање неминовно се поставува по предлозите за нови јавно – приватни партнерства.

Во моментов се изработува физибилити студија за оправданоста, приватниот сектор да ја финансира и да стопанисува со Брзата помош и со Домашната посета преку ваков договор. Министерството за здравство смета дека овие две служби се во лоша состојбата и дека нешто треба да се менува. Физибилити студијата треба да покаже дали ваков модел за овие две служби може да функционира и кај нас.

Ресорниот министер претпазлив. Најпрво вели, јавно ќе се дебатира, а ваквите постапки биле далеку од приватизација.

Можните јавни-приватни партнерства со себе носат ризици, дел од профитабилните установи на крајот и целосно да се приватизираат. Упатените коментираат дека додека приватниот сектор се развива, а сè полоши се условите на државните клиники, јавното здравство со ваквите партнерства би можело да „згасне“.

Претходно «
Следно »