ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИ И ОТВАРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА: Една од моите лични борби во Бутел ќе ми биде привлекување на странски инвестиции и отворање на повеќе работни места!

  • October 26, 2017

Општина Бутел ја делам на два дела, првиот дел е да се задоволат сите основни потреби кои што на некои места во општината не се задоволени како на пример атмосферска канализација, во мал дел и фекална канализација и ова морам да го споменам бидејќи не секогаш може се да се постигне бидејќи знаме дека општина Бутел не е некоја многу богата општина, ова во денешната емисија „Алфа Скоп“ го истакна Дарко Костовски кандидат за градоначалник на Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вториот момент е тоа Бутел да добие една слика за модерна општина и тоа го ветува самата програма, така да во таа смисла мислам дека целта ќе ми биде Бутел во наредните четири години да добие слика на модерна скопска општина која што ја заслужува. Ние во Бутел предвидуваме и изградба на поликлиника, меѓутоа се она што е под наша надлежност, да понудиме атрактивно земјиште бидејќи тоа е во наша надлежност, а груба лага има кандидатот од СДСМ дека ќе изградат поликлиника бидејќи тоа не е во надлежност на општината, потенцираше Костовски.

Тој додава и дека доколку кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ ги добијат трите скопски општини Кисела Вода, Бутел и Гази Баба во вториот круг ќе се привлечат 30 нови инвестиции и за секоја општина по 10 инвестиции.

-Граѓаните точно знаат дека ВМРО-ДПМНЕ направи историски потег изминатите години во смисла на привлекување на странски инвестиции и во тоа сум убеден, а една од моите клучни борби ќе биде привлекување на странски инвестиции во економските зони во Бутел се со цел повеќе работни места за младите, рече Костовски.

Претходно «
Следно »