ПРИКАЗНИТЕ ЗА УБАВИНАТА И ХАРИЗМАТА НА КЛЕОПАТРА:Еве како се негувала најубавата владетелка!

  • January 31, 2019
  • Коментари

Ако ги следите советите на Клеопатра, подочниците ќе ви се намалат, брчките ќе ви исчезнат, а сувата кожа ќе ви биде хидрирана

Приказните за убавината и харизмата на Клеопатра со векови ги интригираат луѓето ширум светот. Легендата за нејзината личност ќе продолжи да живее низ историјата, а ние ви ги откриваме тајните на убавината на Клеопатра што и вие можете да ги испробате…

1. Бања од млеко
Клеопатра користела млеко од дури 700 магарици за да се бања во него. Со оглед на тоа што млекото содржи млечна киселина, тоа е одлично за кожата, бидејќи врши благ пилинг. Доволно ќе биде да додадете во кадата околу 2 литри козјо млеко, покрај обичната вода. А за целосен третман како оној на Клеопатра, капнете есенцијално масло од јасмин и сандалово дрво, па додајте и шолја природен мед.

2. Пилинг од сол
Не е тајна дека солта е одлично средство за отстранување мртви клетки од кожата. И Клеопатра го знаела тоа, па често користела пештерска и морска сол, поради што имала неверојатно мека кожа. За посилен пилинг, користете крупна морска или хималајска сол, во која ќе додадете неколку капки од вашето омилено есенцијално масло.

3. Матична млеч
Научно докажано е дека матичната млеч е исклучително здрава за организмот, а Клеопатра знаела дека е добра и за убавината. Таа им помага на клетките да се обноват, па затоа побарајте крем во кој матичната млеч е една од главните состојки. Подочниците ќе ви се намалат, брчките ќе ви исчезнат, а сувата кожа ќе ви биде добро хидрирана.

4. Ружина вода
Клеопатра не само што го обожавала мирисот на ружата, туку и го користела овој цвет во нејзината козметичка рутина. Нанесете ружина вода на лицето во форма на спреј по дневниот третман. Тоа ќе ви ја затегне кожата, ќе ја тонира, освежи и ќе остави облак од пријатен мирис околу вас. Можете сами да направите ружина вода, така што ќе земете шолја ливчиња од ружа и ќе ги сварите во две шолји вода. Оставете ги да се изладат, исцедете ги и тоа е сè.

5. Маска од глина
лината оправдано е една од најпопуларните состојки во маските за лице. Клеопатра одамна знаела за нејзините благодати. Глината одлично ја чисти кожата, ја извлекува нечистотијата од порите и ги отстранува митесерите. Користете барем еднаш неделно маска од глина, а кога ќе ја нанесете на лицето сигурно ќе се чувствувате кралски!

6. Масло од коноп
Ова масло изобилува со протеини и есенцијални масни киселини, што го прави одличен производ за нега на кожата. Како и Клеопатра, користете го за да го хидрирате лицето и да ги ублажите брчките. Уште една предност на маслото од коноп е тоа што кожата лесно го впива и што помага за третирање на акните.

7. Сок од алое
Клеопатра имала рецепт што им помагал на оние кои имале проблем со губење коса. Денес, некои од тие состојки, како што е катранот, се сметаат за контроверзни, па наместо тоа, ве советуваме да користите сок од алое вера. Тој со векови се користи во третманите на скалпот, па докажано го подобрува растот на косата и квалитетот на влакната.

8. Шеа путер
Познато е дека Клеопатра имала пристап до сиров, нерафиниран шеа путер од Африка. Со оглед на пустинската клима во Египет, логично е што овој препарат ѝ помагал кожата да ѝ остане хидрирана и мека за време на сувите и топли денови.

9. Сапун од лој
Клеопатра редовно користела разни состојки во третманите за убавина, па така на списокот се нашла и гускината маст. Веруваме дека повеќето од вас би се згрозиле од идејата да се бањаат во животинска маст, но вреди да знаете дека таквите сапуни содржат Омега 3 киселини и витамин Б12, што најверојатно било причината зошто Клеопатра го употребувала.

10. Пчелин восок
Уште од дамнешни времиња се користел пчелиниот восок во козметиката, па и самата кралица на убавината Клеопатра го обожавала. Доколку не сте алергични на него, слободно користете ги сите препарати што го содржат, од балсами за усни, различни кремови, па до маскари.

Претходно «
Следно »