ПРИЛЕП ФОРМИРА ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ГАСИФИКАЦИЈА, А ГАС ДУРИ ЗА 2 ГОДИНИ: ВМРО обвинува дека новото претпријатие ке служи само за партиски вработувања во оваа фаза, гас сеуште нема

  • October 31, 2018

Иако гасот во Прилеп ќе стигне дури за неколку години oпштина Прилеп веќе формира јавно претпријатие за енергетика чија главна цел ќе биде подготвување на теренот за гасификацијата. Денеска се назначи и координатор на претпријатието. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека претпријатието ќе служи единствено за вдомување на партиски кадри.

„Ниту има потреба во овој момент од вакво претпријатие, туку само единствена е потребата да се назначи директор и да се вработуваат партиски послушници во ова претпријатие. Беше кажано само дека се работи за лице Игор Спиркоски, кој и самиот наведе дека е во роднински врски со градоначалникот на Прилеп“, истакна Петар Ристески, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на советот, Миле Талевски, рече дека претријатието се формирало бидиејќи морало сериозно да се подготви теренот за оваа активност.

„Тоа подразбира урбанистичко средување со секторот за урбанизам, со подготовка и комуникација со  голем број на јавни претпријатија, акционерски друштва и приватни компании, подземнииот катастар кој треба да се предвиди“, рече Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Домаќинставата во Прилеп гас ќе имаат за 6 до 7 години, а претходно гас се планира да добијат државните институции и поголемите прииватнии комапнии.

Претходно «
Следно »