ПРИМЕР ЗА ДЕМОКРАТИЈА: Напишал текст за здравјето на Клинтон, па Huffington Post му даде отказ

  • August 30, 2016

Американскиот интернет весник Huffington Post ја отстранил статијата и го блокирал акаунтот на еден од своите автори, кој ја отвори темата за здравјето на поранешната прва дама и државна секретарка 68-годипната Хилари Клинтон, која Демократската партија ја кандидираше за претседателските избори на 8-ми ноември.

Според информациите на порталот Breitbart, во немилост на водството на Huffington Post паднал блогерот Дејвид Симан, кој во август објави две колумни во кои стануваше збор за скандалот околу наводно лошата здравствена состојба на Хилари Клинтон. Во своите написи, блогерот истакнуваше дека според востановената практика, претседателскиот кандидат треба на американската јавноста да ѝ даде увид во неговиот здравствен картон.

Подоцна и двата написа беа отстранети од интернет страницата на весникот „без појаснување на причините за тоа“, како што напиша Симан. Покрај тоа, бил блокиран и акаунтот на блогерот во Huffington Post.

„Дали е ова Кина? Луѓето не се заштитени со првиот амандман (од Уставот, кој ја гарантира слободата на говорот и медиумите)?“, напиша Симан на Twitter.

Во информацијата на порталот, исто така, се наведува дека Симан во своите написи го споменувал докторот Дру Пински, чијашто радио емисија била суспендирана наводно поради отворањето на дискусијата на темата за здравјето на Клинтон.

Во август отсутноста на Клинтон на бините за време на предизборните настапи и во интервјуата за медиумите, како и објавената фотографија на нејзиниот асистент кој држи подготвена инјекција, станаа повод американските медиуми да ја започнат сериозната расправа за здравствената состојба на демократската претседателска кандидатка,

Нејзиниот републикански противкандидат, милијардерот Доналд Трамп, повеќепати изјави дека Хилари Клинтон нема доволна физичка издржливост за да биде претседател. На таквите забелешки личната лекара на Клинтон, Лиза Бардак, во неколку наврати изјави дека нејзиното здравје е сосема добро.

Претходно «
Следно »