September 25, 2020, 5:40 am

Природни лекови кои ќе ви помогнат во решавањето на повеќе проблеми

Поврзано

Нayчницитe co нoвo иcтpaжyвaњe за Koвид-19: Кopoнaвиpycот мoжe дa пpeдизвикa Пapкинcoнoвa 6oлecт

Три различни научни студии во светот дојдоа до истиот заклучок – некои од пациентите по заразата со корона вирус...

Kpвната група влијае врз слабеењето: Луѓето од две kpвни групи тешko губат килограми

Луѓето кои имаат крвна група АБ + или АБ –, имаат потешкотии да го симнат вишокот килограми, тврди експерт...

Cимптoми кoи yкaжyвaaт нa ocлaбeн имyнитeт и кaкo дa ce зajaкнe

Зајакнувањето на имунитетот е фраза што најчесто ја слушаме со смените на сезоните, но која во никој случај не...
- Advertisement -

Повеќето од нас се навикнати при појавата на првиот знак на настинка или болка да трчаат по лекови. Некои дури чуваат дома стотици апчиња, кремови или течности за лекување. Но, пред да скокнете до вашата мала приватна аптека, можете да се обидете да го решите проблемот по природен пат.

Интересот на луѓето кон природните лекови кои можат да се најдат во кујната постојано расте, затоа што тие можат да ги заменат вештачките лекови и да ви помогнат ако имате мал здравствен проблем, без да предизвикаат несакани ефекти.

УБОД ОД КОМАРЕЦ
За да го намалите непријатното и досадно чешање од убодот на комарец, земете презреана банана и ставете дел од нејзината лушпа врз местото на убодот. Лушпата од банана помага и при убоди од други инсекти.

ЕГЗЕМА

Премачкајте ја обилно засегнатата кожа со маслиново масло. Така ќе создадете слој кој нема да и дозволи на кожата да се суши. Доколку егземата е посериозна, врз премачканата кожа ставете најлонска фолија и оставете ја во текот на ноќта.

ИНФЕКЦИЈА НА МОЧНИТЕ ПАТИШТА

За да ја олесните болката од уринарна инфекција како цистит, измешајте половина кафена лажичка сода бикарбона со 250мл вода и испијте ја течноста. Правете го ова при појавата на првите знаци на инфекцијата и практикувајте го еднаш дневно додека не забележите подобрување или додека не започнете да примате антибиотици.

ГАДЕЊЕ

Ѓумбирот може да го ублажи како гадењето што се појавува кај некои луѓе додека патуваат, така и утринското гадење кај бремените жени. За да направите чај од ѓумбир, ставете една супена лажица свеж ѓумбир во врела вода, оставете го да стои 10 минути и потоа прецедете ја течноста. Бремените жени може да јадат бисквити од ѓумбир.

ГРЕБНАТИНКИ И ИСЕЧЕНИЦИ

Ако се изгребете или пресечете, на малата рана нанесете мед. Медот ќе ги спречи бактериите да се развиваат и ќе ја дезинфицира раната. Кога ќе се исуши медот, тој ќе делува како природен фластер.

НЕПРИЈАТНА МИРИЗБА ОД ТЕЛОТО

Доколку од вашите пазуви или нозе се шири непријатна миризба, нанесете врз нив мало количество сода бикарбона. Таа делува како природен антиперспирант и го намалува количеството на излачена пот во текот на денот.

ГАБИЧКИ НА СТАПАЛАТА (АТЛЕТСКО СТАПАЛО)

Појавата на инфекција на кожата на стапалата се нарекува уште и Атлетско стапало, затоа што најчесто се среќава кај спортисти. За да ја ублажите оваа непријатна состојба, наполнете леген со вода и на секој половина литар вода додајте по 2 кафени лажички сол. Потопувајте ги стапалата во солена вода 5-10 минути дневно. Така ќе се создаде непријателска средина за габичките, ќе се намали потењето и ќе омекне кожата.

НЕСОНИЦА

За да се опуштите пред спиење, напијте се чаша топло млеко. Зачинете го млекото со малку цимет и една лажичка мед. Нема поприроден и подобар начин да се релаксирате пред да потоните во длабок сон.

ГЛАВОБОЛКА

Маслото од нане може да ви помогне да ја намалите главоболката. Наполнете длабок сад со ладна вода. Во него ставете 5-6 капки масло од нане и потопете една крпа. Исцедете ја крпата и ставете ја врз челото. Чувајте ја облогата 10-15 минути.

НАСТИНКА

Добро познато е дека лукот може да ве заштити од настинка и дури и да ве излечи кога ќе се појават првите симптоми. Колку порано интервенирате, толку подобро. Земете 2 чешниња, потопете ги во мед и изџвакајте ги. Или пак, земете 2 чешниња лук, додајте малку топла вода и мед, истолчете ги и голтнете ја смесата без да џвакате.

Latest News

Ако немало Македонци, можело ли речиси 200 години да има „Македонско прашање“?

Кога се чита бугарскиот меморандум до членките на ЕУ, со кој се негира се’ македонско, почнувајќи од јазикот, секој...

Време: Сончево до 31 степен, попладне доаѓа дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон...

Костовски: СДСМ планира приватизација на Македонски пошти

Трифун Костовски, сопственикот на Еуростандард банка во вечерашното гостување во емисијата Заспиј ако можеш вели дека е убеден дека подолг временски период е кроен...

Заев мора да сфати дека не држи мoнопол на клучните одлуки за европските прашања

Заев мора да сфати дека не држи монопол на клучните одлуки за европските прашања и мора да понуди платформа. Доколку сам го истурка процесот...

(Видео) Нов инцидент на полициска бpyталност

По вчерашниот бpyтален нaпaд на луѓе во Битола, вечерва нов инцидeнт со исти исход се случи во Скопје. На видеото кое кружи на...

More Articles Like This