ПРИСТИГНАА РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ТРУЕЊЕТО НА СКРИПАЉ: Обединетите нации утврдија дека Скрипаљ е отруен од супстанца која се произведува во САД и Велика Британија

  • April 14, 2018

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, соопшти, дека според информациите на швајцарскиот истражувачки центар, во Солзбери е употребена супстанца Б-3, која била во составот на вооружувањето на САД и Велика Британија, додека во Русија никогаш не се произведувала

„Добивме информација од швајцарскиот Цента за радиолошка и хемиско-радилошка анализа од градот Шпиц, а информациите се добиени по строго доверлив пат. Експертите од овој центар на 27. март ги анализирале примероците и се испратени на Организацијата за забрана на хемиско оружје, кои преку ОЗХО се земени од местото на инцидентот во Солсбери. И оваа лабараторија во градот Шпиц, во кој, уверен сум, работат професионални научници на кои им е важна репутацијата, дошла до овие резултати“, рече Лавров.

„Сега ќе цитирам она што ни го упатија од ОЗХО како свој заклучок: ‘На основа на експертизата во тестовите откриени се траги од токсичната хемикалија Б-3 и негови перкусори кои припаѓат на хемиско оружје од втора категорија, на основа на Конвенцијата за забрана на хемиско оружје. Б-3 претставува нервно-паралитичка супстанца која привремено го парализира човекот. Психо-токсичниот ефект се постигнува триесет до шеесет минути по примената и трае околу четири дена. Оваа рецептура постоеше во вооружување на армијата на САД, Велика Британија и други земји на НАТО. Во Советскиот сојуз и Русија слични хемиски соединенија не се произведувани“, рекол Лавров.

Рускиот министер истакнува дека клиничката слика на состојбата на Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија, повеќе одговара на супстанцата Б-3, но таа информација не е земена во обзир.

Претходно «
Следно »