ПРИСТИГНА НОВИОТ ВОЗ: Петтиот ултра-модерен патнички воз пристигна во Македонија!

  • January 25, 2017
  • Коментари

Петтиот патнички воз купен од кинеската компанија ЦСР за ЈП Македонски железници Транспорт денеска пристигна во Македонија.
1voz

Новиот воз е на дизел погон. Треба да сообраќа на линијата Скопје-Гевгелија-Скопје. Раководството на МЖ Транспорт очекува да биде пуштен во редовен сообраќај за 15 до 20 дена, откако ќе бидат извршени потребните тестирања.

nov-voz

ЦСР треба да испорача во Македонија уште еден воз на дизел погон согласно договорот меѓу Министерството за транспорт и врски и ЦСР со кој беа купени шест патнички возови, четири дизел и два со електромотор.
nov-voz.jpg1_

Инвестицијата за набавката на возовите изнесува 25 милиони евра.

Претходно «
Следно »