ПРИСТИГНА ПРЕТХОДНИЦАТА НА МАКЕДОНСКАТА „ФАЛАНГА“!

  • January 11, 2019

Македонија и Јапонија по два часа ќе го одиграат првиот натпревар од 26 Светско првенство во Минхен. Оркестарот зад затворени врати веќе пола час го вежба настапот, пиљарата на Лидл веќе е наредена во фан зоната во салата, се подготвуваат и скарите за прославените германски колбаси, пивото се лади во поддтрибинскиот простор и единствено што недостасува се навивачите за шоуто да почне.

Првите што стигнаа во Олимпијахале се претходницата на македонската навивачка „Фаланга“. Квартет од Скопје, по 21 час патување со автомобил се паркираше пред салата.

Препознатливите шлемови веднаш го привлекоа вниманието на организаторите и присутните фотографи и си добија публика.
Македонија во Минхен би требало да има поддршка од најмалку 200 навивачи што ќе дојдат од Македонија. Во текот на првенството, посебно за дуелите со Хрватска, Шпанија и Исланд се очекува оваа бројка да биде неколкукратно поголема.
Навивачи , Македонија , Фалана

Претходно «
Следно »