ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА БОКИ 13

  • July 15, 2019

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, доцна вечерва од судија на претходна постапка во Кривичниот суд доби 30 дневен притвор како осомничен во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Претходно и второосомничениот за противзаконито влијание, Зоран Милески, познат како Кичеец, доби 30 дневен притвор. И двајцата беа спроведени со полициска придружба и лисици во судот.
Кичеец вечерва со полициска придружба беше изнесен од Кривичниот суд во Скопје и пренесен во полициско комбе.
Oбвинителството ги товари за трговија со влијание врз јавен обвинител од специјалното јавно обвинителство.

Претходно «
Следно »