ПРИФАЌАМ ДА МЕ УАПСАТ, ЗАТВАРААТ И МАЛТРЕТИРААТ:Заев нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата!!

  • February 26, 2017

Ако толку по секоја цена сака Заев да биде премиер, нека не удира по државните и националните интереси. Нека ја спроведува програмата од изборите без редефинирањето. Нека удри и по нас, ама не по државата и нејзините темели, напиша Груевски на својот ФБ профил.

gruevski-orban4

 

-Еве јас доброволно ќе прифатам ако тоа му е услов на Заев да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада колку време сака до наредните избори кои заедно би ги договориле, нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт. Ова нека го сфати како јавна понуда, напиша Груевски.

Претходно «
Следно »