ПРОВОКАЦИИТЕ НА СДСМ СЕ ВИНОВНИ ЗА ВЧЕРАШНАТА СИТУАЦИЈА: Токму СДСМ предизвика хаос и провоцираше насилство!

  • April 28, 2017

Како никогаш досега, меѓу 100 и 200 илјади луѓе, секој ден, 60 дена, во околу 30 градови, излегуваа и го изразуваа својот револт , да допре до политичарите. Да допре до оние кои што прифатиле туѓи агенди, кои што прифатиле туѓи сценарија, кои што по секоја цена сакаат да дојдат на власт, коцкајќи се со државните и национални интереси, изјави Никола Груевски во гостувањето на Топ Тема на телевизија Телма.

nikola-gruevski-top-tema-2

-Народот разбра дека треба да го искаже своето мислење. Како никогаш досега, меѓу 100 и 200 илјади луѓе, секој ден, 60 дена, во околу 30 градови, излегуваа и го изразуваа својот револт , да допре до политичарите. Да допре до оние кои што прифатиле туѓи агенди, кои што прифатиле туѓи сценарија, кои што по секоја цена сакаат да дојдат на власт, коцкајќи се со државните и национални интереси. Тие ги нарекуваа со најпогрдни зборови, тоа беше она што допре до народот, а никогаш не сум повикал на насилство. Сум повикал на изразување револт и тоа се случуваше 60 дена, едно цвеќе не беше нагазено додека стотици илјади граѓани излегуваа на улиците. Тоа беа 60 дена мирни протести кои што се за пример, изјави Груевски.

Груевски смета дека она што се случи вчера било смислено сценариот на СДСМ да го испровоцира народот, со гласањето во 18 часот, а можеле да го направат во 14 часот.

-А она што се случи вчера, она што допринесе да се случи она синоќа, во голема мера го детерминираше СДСМ, со неговото однесување и неговите постапки, со игнорирањето на народот, со провокациите кон народот, со потценувањето, со навредите, знаете ли со какви се не погрдни зборови ги нарекоа. И уште една работа, вчера имаше сценарио, вчера беше темпирано во 18 часот СДСМ да го направи, токму она што го направи. Зошто не го направија тоа што го направија во 14 часот, кога немаше народ надвор, зошто го одбраа 18 часот кога знаеа дека ќе има десетина илјади луѓе пред Собранието, револтирани, испровоцирани, со денови насобран гнев, со денови собирани фрустрации, изјави Груевски.

Претходно «
Следно »