Продолжен мандатот на градоначалниците и советниците до 15 мај

  • March 24, 2017

Членовите  на советите на општините и градоначалниците ќе  можат да ги извршуваат своите, со Закон утврдени надлежности, до 15 мај, одлучи министерството за правда, на барање на Министерството за локална самоуправа.

159481

Инаку, толкување на Закони во Република Македонија може да се побара и да се добие само од Собранието на Република Македонија.

Во конкретниот случај, некои во Министерствата за локална самоуправа и правда одлучиле да ги прекршат правните норми повикувајќи се на хаотичната политичка ситуација во земјава и фактот што не е конституирано ниту едно собраниско тело, а општините мора да функционираат со сите свои надлежности за доброто на граѓаните.

Претходно «
Следно »