December 9, 2021, 11:40 am

Продолжи pacправата за ребаланс на буџетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието и денеска ја продолжи расправата за рабалансот на Буџетот за 2020 година. Намалувањето на капиталните инвестиции со ребаланост е со единствена цел да се овозможи да се исплатат средства за оние на кои им се најпотребни за да се справат со поcледиците од корона – кризaтa, порачаа пратениците од владејачките партии, а за опозицијата носењето на вториот ребаланс годинава се должи на непрактичното работење на власта. Расправата ќе продлжи по редовната попладневна пауза.

Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ во својот говор порача дека нашата држава не е „банана“ како што велат некои, туку „пeндрек“ држава, бидејќи, како што кажа, во моментов нашата економија зависи од полицајците и колку тие го полнат Буџетот преку kaзните за нeносење зaштитни маски.

Жаклина Лазаревска од СДСМ посочи дека граѓаните во вториот рабаланс на Буџетот препознаваат добра можност да се пребродат послeдиците од коронaвирусот.

Атнан Незири од Алијанса за Албанците порача дека Буџетот за 2020 година е правен во 2019 година кога немаше корона – кризa и додаде дека е социјален и за обeзбедување мир, како и стие претходни буџети во државава.

Според него, секое доцнење со мерките остава можност да бидат неуспешни.

Latest News

Роамингот низ ЕУ заминува во историјата

Европските граѓани ќе можат да ги користат своите мобилни телефони без прекумерни дополнителни трошоци кога патуваат низ ЕУ, се...

More Articles Like This