ПРОДОЛЖУВААТ ПРИТИСОЦИТЕ ВО АД „ЕЛЕМ“: Раководството на АД „ЕЛЕМ“ се заканува на претседателот на синдикатот – или напушти или ќе го растуриме синдикатот

  • March 12, 2018

Како синдикат баравме од Владата на Република Македонија да направи усогласување на платите по вертикала, но наместо тоа почнаа притисоците врз синдикатите во Конфедерацијата на слободни синдикати вели претседателот на КСС, Благоја Ралповски во емисијата „Алфаскоп“.

Тој додава дека први на удар со ваквите притисоци била синдикалната организација на АД ЕЛЕМ, и дека целта е растурање и преземање на синдикатот од некои структури во Република Македонија.

– Со ова ги запознавме Светската конфедерација на синдикати, Европската конфедерација на синдикати кој од нивна страна беше испратен висок преставник да разговара со министерката за труд и социјална политика за состојбите во синдикалното движење, но очигледно дека не наидовме на разбирање. Светската конфедерација на синдикати испрати едно пожестоко писмо до премиерот Зоран Заев и до министерката Мила Царовска каде што недвосмислено кажува да сопрат притисоците врз независното синдикално движење во Република Македонија, но ете ни тоа не вроди со плод. Во Македонија беше присутен и директорот за работнични права на меѓународната организација на трудот и тој укажа на недоследности околу кршењето на работничките права и тоа не вложи со плод, рече Ралповски.

Наместо да најде решенија пo барањeто на КСС, Ралповски вели дека притисоците врз синдикалните организации врз конфедерацијата од ден на ден се поголеми. Дека раководството на АД ЕЛЕМ сака да го преземе синикатот под негова палка, покажуваат и доказите на трудовата инспекција каде што во нејзиното известување се вели дека нема доставено известување до менаџментот за организирање на избори и согласно колективниот договор и законот менаџментот на АД ЕЛЕМ треба да обезбеди услови и да обезбеди простории да ги ослободи лицата кои се во избирачките одбори за тој ден.

-Претседателот на синдикалната организација на АД ЕЛЕМ беше повикан од менаџментот каде што доби закани доколку не се повлече од изборите и доколку не постават лица што ќе бидат под нивни терк дека ќе го растурат синдикатот. Тоа беше пријавено во МВР, во јавното обвнителство, беше известен премиерот на Република Македонија, евроамбасадорот, народниот правобранител, министерката за труд и социјална политика и меѓународната јавност, европските и светските синдикати. За жал до денес немаме никаква реакција, вели Ралповски.

Ралповски го посочува Мултиетничкиот синдикат во образование нема никаква допирна точка во националната класификација на дејности со синдикатот за енергретика.

За ваквиот проблем се дискутирало и министерката Мила Царовска но од КСС се убедени дека некој купува време. Мултиетничкиот синдикат според Ралповски покажува дека недвосмислено со помош на раководните лица во сите подружници во АД ЕЛЕМ навлегува во синдикалните организации и се врши притисок врз членовите на КСС да се отчленат од синдикатот и да се зачленат во тој Мултиетничкиот синдикат.

 

Претходно «
Следно »