ПРОДОЛЖУВААТ ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛГРАД: Протестантите бараа смена на министерот за внатрешни работи

  • December 30, 2018
  • Коментари

Неколку илјади граѓани на протестот „Еден од пет милиони” во Белград побараа смена на министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ, јавува Anadolu Agency (AA).

Учесниците на протестите носеа транспаренти со натписите „Не има пет милиони”, „Доста ветуње и лаги, пензионерите се гладни”, „Ние сме со народот”…

Актерот Бранислав Трифуновиќ на собраните им рече доколку ги прашаат кој е организатор на протестите, тие да одговорат дека тоа е претседателот на Србија Александар Вучиќ, затоа што „да не е тој, не би имало ниту протести”.

Тој ги повтори барањата од претходните протести, а тоа е да се расветли убиството на Оливер Ивановиќ, да се откријат налогодавачите на нападот на новинарите и опозиционерите, како и опозицијата да добие пет минути простор во Дневникот на Радио-телевизија на Србија (РТС).

На овие барања вечерва е додадено и барањето за смена на министерот Стефановиќ, кому му е порачано, наместо што ги пребројува учесниците на протестите, да преброи колку убиства имало во Србија.

Протестната поворка одеше од платото на Филозофскиот факултет преку улиците Македонска, Светогорска, Таковска и Улицата Кралот Милан до плоштадот Славија.

Нив, во близина на Домот на младите се обиде да ги пресретне група луѓе со транспаренти „Нема поделба на Косметот, нема поделба на народот”, но инциденти немаше.

Сообраќајот во улиците во кои се движеше колона на учесниците на протестот беше запрен.

Наредниот собир е закажан за сабота, 5 јануари 2019 година.

Протестот е организиран по нападот на едниот од лидерите на Сојузот за Србија (СЗС) и претседателот на Левица на Србија, Борко Стефановиќ, кој физички е нападнат пред собирот на СЗС во Крушевац.

Претходно «
Следно »