ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИОТ ПРОГОН: Груевски ги смета новите истраги на СЈО за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ во контекст на промена на името!

  • October 10, 2018

Новите 6 истраги на СЈО се само продолжување на политичкиот прогон кон сегашни и поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а во контекст на слабеење на позициите на партијата и нејзини поединци, како и во контекст на промената на името по неуспешниот референдум, вели во изјава за „Инфомакс.мк“ екс-премиерот Никола Груевски

– Очигледно, од илјадници инвеститори и компании кои работеле во Република Македонија избрани се компании од Русија, Турција и Кина, со цел да се создаде слика дека ВМРО-ДПМНЕ било политички и економски ориентирано кон овие држави, а не кон НАТО и ЕУ државите, иако јавно е позато дека по сите параметри, независно дали е увоз-извоз или странски инвестиции, над 90 осто од соработката се со компании од држави членки на ЕУ и НАТО, како Германија, Британија, Америка, Белгија, Италија, Холандија итн. – објаснува Груевски во изјава за „Инфомакс.мк“ откако специјалната обвинителка Катица Јанева инсинуираше и вина кај, како што рече, осомничените.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше од сите земји во светот да привлече инвестиции и да создаде услови за добра бизнис клима, но најуспешна беше токму со компаниите на земјите членки ЕУ и НАТО.“ – вели Груевски.

 – Што се однесува до конкретните фабрикувани случаи, треба да се каже дека владата со цел привлекување инвестиции и стимулирање развој и градба ја намали почетната цена за градежно земјиште по едно евро метар квадратен при продажба на такво државно земјиште за изградба на куќи ширум цела Македонија, за индустриски капацитети, за хотели, за објекти од областа на образованието итн. Истовремено владата за истите овие намени за 90 осто ги намали комуналиите со цел да привлече инвеститори, да овозможи економсмки развој а во делот на куќите да овозможи на поевтин начин граѓаните да дојдат до свој дом-куќа. Ако за оваа политика бидеме обвинувани, тогаш чесно е да се каже колку милиони евра инвестиции во Македонија донесе оваа политика и колку работни места отвори. Отворањето на над 180 илјади нови работни места во време на владеењето на ВМРО не дојде случајно, туку со многу правилно осмислени и дизајнирани економски мерки. – објаснува Груевски, и додава дека со тие политики биле привлечени многу фабрики, градби на многу нови хотели, градби на многу нови куќи итн.

„Како долгогодишен премиер на оваа држава чест ми е што овие политики ја доведоа Македонија во 10 те најатрактивни земји во светот и 5ти во Европа според добрата бизнис клима, и чест ми е што токму овие политики и почетни цени за градежно земјиште речиси две години по парламетарните избори новата влада ги нема променето и работи по истите услови“ – потсетува екс-премиерот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Напоменувам дека земјиштето на кое се изгради „Балканскиот универзитет“ е дадено на јавна електронска лицитација на која можеа да конкурираат и други кандидати од областа образование, и дека цената од 1 евро квадрат е почетна цена која некогаш кога немаше други кандидати беше и конечна но најчесто имаше и други конкуренти и цената растеше при наддавањето.

Пред доаѓањето на ВМРО на власт имавме во изобилство неизградена земја низ градовите и селата, локации полни со шут и ѓубре и 39 осто невработени луѓе, односно само 560 илјади врљботрни. Со новите политики на ниски почетни 7 цени на земјата вработеноста од 560 илјади луѓе се искачи на 740 илјади вработени а неврабптеноста опадна од 39 на 22 осто.

Промената на уредбата на почетната цена на земјата не ја сменил еден човек, туку е сменета со одлука на владата и важи за сите. Нашиот однос како влада кон сите инвеститори беше крајно пријателски и тоа многу помогна да ги убедиме инвеститорите да инвестираат во Македонија.

За жал денес не е така и затоа ретко кога слушаме за нови инвеститори. И да потсетам: до 2006тата, владата на СДСМ целокупното градежно земјиште во Македонија го продаваше без јавна лицитација и во 4 очи. Тој закон го смени и воведе транспарентна јавна лицитација токму владата на ВМРО кога премиер беше Никола Груевски а министер за транспорт Миле Јанакиески.“ – објаснува Никола Груевски.

Во врска со истрагата поврзана со финанаирање и наводно превземање на 7 медиуми, треба да се знае дека распределбата на средствата за јавни кампањи владата го вршеше во целост согласно закон, одкако претходно на јавен оглас ангажираше специјализирана куќа за медија планирње која зависно од видот и намената кон целни групи на кампањата како и рејтингот на медиумите, утврдуваше медија план врз основа на кој се распределуваа средствата за јавни кампањи од страна на државните институции кон мрдиумите.

Владата никогаш сама, без критериум и надвор од закон не вршела распределба ниту одлучувала каде и колку средства за кампањи ќе се наменат.

Ваквиот начин на финасирање на владини кампањи е присутен и во речиси сите други развиени држави. Неслучајно кога своевремено СДСМ го критикуваше законот по кој се распределуваа средствата за медиумски кампањи, немаше одговор на нашата понуда да предложат друг закон но да тој закон да е од некоја понапредна и поразвиена држава.

Отука, никакви државни средства не биле незаконски префрлани на наводни превземени медиуми.
ВМРО-ДПМНЕ ниту имало ниту поседувало медиуми.

Владините кампањи дадоа одлични резултати во времето кога се емитуваа или реемитуваа и ја остварија нивната примарна цел: да влијаат на свеста на граѓанитр за подобрување на некои лоши состојби, лошо или штетно општо прифатено однесување и обичаи, да информираат за многу можности, услуги и можности кои ги даваа државните органи со изменетите закони и реформи во тоа време, да афирмираат позитивни вредности во општеството како на пример повисоко и поквалитетно образование и знаење, итн.

За жал речиси година и половина живееме во време во кое нема што да се промовира, владата не прави реформи и недава нови можности на граѓаните од што би произлегла потреба за нивно подетално информирање со цел искористување на тие можности.

Владата се занимава само со политички прогон на политичките противници за што преку закани од различен тип ги контролира најголем дел од медиумите, кои притиснати од тоа даваат подршка на политиките на владата и политичкиот прогон и фабрикувани случаи и монтирани случаи, под притисок и како што бара СДСМ, го прикажуваат како наводен криминал.

Останатите 4 случаи се исто така празни и фабрикувани.

Само човек кој не ги разбира или несака да ги разбере можностите за доаѓање до средствата кои Македонија 20 години се обидуваше да ги добие од Руската федерација како средства од поделбата на побарувањата на поранешните републики од поранешната СФРЈ може од тој успех да креира истрага.
Тука на СЈО можам да им препорачам две работи.

Нека испитаат како и зошто во време на СДСМ Македонија прифатила долгот од 90 да се сведе на околу 60 милиони долари.

И нека проверат и пресметаат зошто СДСМ неуспеала да фи повлече и искпристи тие пари како долг кон нас, и колку е загубено што тие пари не дошле пред 10 или 20 годони во Македонија.

Само влада која го тераше народот да се вози во 20 години стари и амортизирани автобуси може да има комплемс на друга влада која речиси комплетно го обнови автобускиот возен парк во главниот град со нови и најсовремено опремени автобуси, и при тоа еден дел од автобусите заради туристички имиџ и атракција ги набави во ретро дизајн.
Тука има уште една интересна работа. Со цел во ова чуствително време се изврши притидсок и на новото рсководство на ВМРО-ДПМНЕ, истрага се води и за комисијата во министерство и за првиот човек во министерството, додека во случајот со продажбата на земјата на Балканскиот универзитет, комисијата во општина Карпош која била надлежна да ја продава земјата не е опфатена со истрагата бидејки како што дознав се работи за високи функционери од вториот ешалон на СДСМ, а опфатен е само градоначалникот на Стевчо Јакимовски кој веќе не е во СДСМ и кој не учествувал во постапката за продажба.

Накратко, политичкиот прогон кој се спроведува преку СДСМ продолжува и се интензивира. СЈО не е ниту независна, ниту неполитичка ниту непристрасна институција.
СЈО е класичен инструмент за репресија кон политичките неистомисленици, и што подолго одржување на власт на СДСМ.

Претходно «
Следно »