ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ РУСИЈА И ТУРЦИЈА: Путин и Ердоган најавуваат продолжување на соработката во енергетскиот сектор

  • June 25, 2018

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска зборуваа на телефон и за време на разговорот истакнаа дека приоритетите на двете држави се заеднички проекти во енергетскиот сектор, соопшти прес-службата на Кремљ.

“Заеднички интерес е потврден во проширувањето на партнерството меѓу двете земји. Истакнато е дека стратешките приоритети се заеднички проекти во енергетскиот сектор – изградба на нуклеарна централа “Акују” игасоводот “Турски тек”, се вели во соопштението.

Путин и Ердоган се договориле дека одржувањето на блиските односи во решавањето на ситуацијата во Сирија е клучно, изјави на прес-службата на Кремљ.

Претходно «
Следно »