ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА „НАСИЛСТВО ВО ЦЕНТАР“: Груевски, Јанакиевски, Рангелова и уште девет други лица обвинети

  • April 3, 2018

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за предметот на СЈО „Насилство во општина Центар, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

На претходните рочишта за овој предмет, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.(МИА)

Претходно «
Следно »