Проект на ООУ „Лазо Трповски“ награден на Меѓународен натпревар во Берлин

Поврзано

СТРОГО ЧУВАНА ТАЈНА: Никој не знае колку чинат новите градски автобуси

Строго чувана тајна е цената на новите автобуси кои градоначалникот ги промовираше пред неколку дена. Ниту барањето за слободен...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЕВН: Без струја утре делови од Аеродром и Карпош

Поради техничките зафати во електросистемот во Град Скопје, без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од општините...

ОД ПОНЕДЕЛНИК: Започнува летно сметање на работното време на паркинзите на „Градски паркинг“

Од понеделник 1 јуни 2020 година почнува летното сметање на работното време на сите јавни површини наменети за паркирање...

Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ од општина Карпош освоија награда на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2016, кој годинава се одржа во Берлин, Германија.

Заедничкиот проект изготвен од вкупно 40 ученици од 3а, 4а и 4б одделение „Патуваме во вселената“ беше координиран од училишен тим составен од шест наставници во својство на ментори: Оливера Маџоска, Александра Неделковска-Петровска, Розета Сугарева, Јагода Ололовска, Олгица Каскаревска и Стефан Симовски.

Проектот на учениците од ова скопско училиште се пласира меѓу десетте најдобри проекти на натпреварот и за својот пласман наградените добија соодветни дипломи и трофеј (автентичен модел на патнички авион Ербас Белуга во размер 1:200).

Натпреварот го организира Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузното министерство за образование и истражување на Германија, Луфтханза Техник АД и концернот ЕАДС (во чиј склоп влегува и познатиот производител на патнички авиони Ербас).

Конечната одлука во врска со наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ученици од трето и четврто одделение ја донесе деветчлено стручно жири. Подетални информации во врска со натпреварот може да најдете на официјалната веб-страница на организаторот на натпреварот www.skyfuture.de

Учеството на овој меѓународен натпревар ООУ „Лазо Трповски“ го реализираше како воннаставна активност. Наградите на учениците ќе им бидат врачени на 29 септември во 11 часот, во просториите на училиштето.

Актуелно

ФИЛИПЧЕ: Во Македонија имаме 180 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. - Скопје 109 - Куманово...

КАТАСТРОФА: 177 нови случаи на коронавирус во Македонија!

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245 тестa. Истовремено, 8 пациенти се излекувани,...

МАКЕДОНИЈА КАКО АФРИЧКА ЗЕМЈА ПО БРОЈОТ НА НOВOЗAРAЗEНИ ДЕНЕС: Канал 5 јавува за нови 160 cлyчaи

Нашиот извор кој сака да остане анонимен а е од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на...

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека ако не одговараш барем нема...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

Повеќе вести